Следете не

Здравје и убавина

Причини, симптоми и третман на рани и афти во устата

Објавено пред

на

Усните афти се најчестите мукозни лезии, од кои страдаат голем број на луѓе. Повеќето остри ранички се болни, но ограничени во одредено место, што значи дека поминуваат сами себе во рок од 7 до 10 дена.

Болните ранички и афти во устата се добиваат од нечистотии и инфекции.

Кои се најчестите причини за рани и афти во устата?

  • Дефицит на витамин Б-комплекс;
  • Недостаток на железо;
  • Недостаток на витамин Ц;

Кои се симптомите на ранички во устата?

  • Ранички на слузницата на образите, непцето или страните на јазикот;
  • Болка и крварење;
  • Тешкотии при џвакање и голтање;
  • Лош здив (халитоза);
  • Отекување на јазикот (глоситис);
  • Чирови во дното на усната шуплина;
  • Забни инфекции.

Третман на усните чирови
Првото нешто што лекарите го прават е да се локализира чирот. Болните чирови се најчести, но безболните се многу опасни. Ако пациентот имал чир повеќе од 3 недели може да се наметне земање биопсија. Важно е, затоа треба да се утврдат причините за постоењето на овој “тивок” чир.

Болните чирови може да бидат третирани со:

  • Аплицирање на гелови и масти;
  • Аплицирање на локални кортикостероиди;
  • Витамин Б-комплекс.

Некои други третмани и мерки се донесуваат во зависност од причината на чирот:

  • Корекција на незгодни протези;
  • Лосиони против габи како клотримазол и други антимикотични креми;
  • Антибиотици за бактериски инфекции;
  • Противовирусни препарати за чирови, предизвикани од херпес;
  • Адитиви со железо, витамин Ц и други витамини.

Тие можат да бидат симптоми и на други болести. Тие вклучуваат:

  • Вирусни инфекции како херпес симплекс, варичела симплекс, инфективна мононуклеоза,
  • Коксаки вирус или HIV инфекција;
  • Бактериски инфекции како акутен некротизиращ улцеративен гингивитис, сифилис, туберкулоза;
  • Габични инфекции како кандида или туберкулоза;
  • Кожни болести како пемфигиоид, дејства;
  • Повторувачки чирови;
  • Трауматски чиреви предизвикани од незгодни протези;
  • Изгореници;
  • Рак на сквамозните клетки леукемија или лимфом. Ризикот се зголемува ако човек е пушач или алкохоличар.

Важно е да се знае дека кај хронично болните чиреви е оправдана загриженост. Безболните чирови пак се оние кои бараат итно внимание во моментот, во кој сте ги забележале. Тие треба да бидат биопсирани веднаш, бидејќи кријат ризик од малигни последици.

Придружните симптоми:

  • Генитални чирови;
  • Црвенило на очите;
  • Кожни лезии;
  • Интестинални проблеми;
  • Дијареа.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили5 часа

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

Скопје6 часа

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена...

Lifestyle11 часа

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може...

Магазин11 часа

Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон

Секој мобилен телефон има свој рок на траење. Еве како да препознаете кога е време да инвестирате во нов уред....

Магазин11 часа

Зошто корисниците на iPhone не се воодушевени од функциите на Apple AI?

Истражувањата покажуваат млака реакција од корисниците на iPhone кон функциите на вештачката интелигенција. Со лансирањето на iOS 18.1, Apple ги...

Магазин11 часа

OpenAI го претстави Tasks: Нов виртуелен асистент со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција се пробива и во светот на виртуелните асистенти. OpenAI им зададе сериозен предизвик на технолошките компании што веќе...

Временска прогноза22 часа

Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за среда (15 јануари)

ОВЕН Ве очекува поволен период во кој ќе имате можност да извршите многу важни деловни обврски кои се пред вас....

Социјални мрежи1 ден

Иран ја укина забраната за социјалната мрежа „WhatsApp“ и „Google Play“

Иранските власти ја укинаа забраната за платформата за пораки WhatsApp и Google Play, што го означи првиот чекор кон олеснување...

Магазин1 ден

(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“

Новогодишната каланда „Почнува Нова Година“, во изведба на хорот по источно православно пеење „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, во Свештената...

НАЈЧИТАНИ