Случувања
Позната причината за падот на Цесната кај Солунска Глава

Силниот ветер бил причина за уривањето на авионот кај Солунска глава при што загина бугарското семејство Бошнакови.
Ова денеска го даде како одговор на прашањето премиерот Зоран Заев при прес конференцијата со новинарите после работната средба со стопанските комори за иницијативата за воведување скратено работно време при користење на родителско отсуство во Клубот на новинари.
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

На 5 април во Кичево ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија, каде што децата и тинејџерите ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирирало уметноста низ историјата! Се што треба да знаете е:
Ќе има вода и неколку закуски, но ако вашето дете има специфична диета, ве молиме да донесе своја храна за времетраење на работилницата од 2 часа.
Овозможени ќе бидат сликарски алатки, но ако вашето дете има омилен сет, може да го донесе.
Има неколку слободни места, па молиме што побрзо да се регистрирате преку оваа форма ТУКА
Ако некој родител нема Вибер, ве молиме да ја сподели оваа информација.
Придружете ни се на забавна и едукативна сликарска сесија каде што децата и тинејџерите ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирирало уметноста низ историјата! Ве молиме пополнете ја оваа форма за регистрација ТУКА
Ќе се истражува како астрономијата влијаела врз уметноста
Ќе се создаде своја ноќно-небесна уметност преку водена сесија на сликање
Ќе се инспирираме од универзумот и неговите бесконечни бои
Датум: 5 април
Сесија 1: 11:00 – 13:00
Сесија 2: 14:00 – 16:00
📍Локација: Китино Кале
Сесија 1 е наменета за деца на возраст од 8-12 години.
Сесија 2 е за тинејџери од 13-18 години.
/ПР x Мартина Димоска
Хроника
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.
Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза24 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Кичево1 час
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Хроника11 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште