Кичево
При контрола во објект во Зајас приведени странски државјанки

Ноќта околу 1:30 часот полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Полициското оддление Зајас.
Во угостителски објект во селото без соодветна дозвола за работа, биле затекнати 23-годишната Е.И. и 25-годишната Е.И. од Лежа-Република Албанија и 33-годишната А.К. од Ѓаково-Косово.
Во угостителски објект во село Мидинци била затекната 30-годишната И.С. од Сараево-Босна и Херцеговина.
Сите лица биле приведени и по консултација со Јавен обвинител против нив, согласно Законот за странци поднесена е прекршочна пријава, странските државјанки се депортирани, изречена им е парична казна од по 500 евра и забрана за влез во РМ во траење од една година.
Извор: МВР
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Кичево
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.03 – понеделник и 04.03 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве локации од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | КИЧЕВО | С. СРБЈАНИ,С. КАРБУНИЦА, РЕПЕТИТОРИ ЦОЦАН. | 03.03.2025 09.10 | 03.03.2025 12.00 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | БУЛЕВАР ИЛИНДЕН, КАЈ СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 04.03.2025 09.00 | 04.03.2025 13.30 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | УЛ. ЗАГОРЈЕ,УЛ. СКОПСКА, УЛ. ИСЕИН АКИОСКИ, УЛ. ПРИЛЕПСКА, НАСЕЛБА БИЧИНЦИ . | 04.03.2025 09.20 | 04.03.2025 12.30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
-
Кичево1 ден
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза1 ден
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија11 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Кичево6 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (4 март)