Следете не

Култура

Програма за оваа година на Кичевската Коњаница и нешто повеќе за неа

Објавено пред

на

Со одлука на Здружението за развој на с.Козица – КОЗИЦА од – Кичево на ден 08.07.2015г во Село Козица, се оформи Коњаница препознатлива по името: МАНАСТИР ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА – КИЧЕВСКА КОЊАНИЦА за време на оформувањето присутни беа претставници од Кичевската, Демирхисарската, гостиварската и ресенската околија.

Коњаницата на ден 27.07.2018г со Благослов и свечена заклетва, тргнува од Манастирот Пресвета Богородица Пречиста – Кичево со а на ден 31.07.2018г пристигнува во славното Крушево.

Коњаницата поминува низ повеќе населени места кои гравитираат околу градовите Кичево и Демир Хисар и тоа: Манастирско Доленци, Србјани, Градот Кичево, Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта, Козица, Белица, Прострање, Велмевци, Илино, Смилево градот Демир Хисар, Прибилци, Журче, Острилци и други села. Патот до Крушево е долг но чест е да се биде дел од оваа коњаница.

Коњаница која се враќа и поминува во најреволуционерите краеви на Македонија и тоа: Кичевскиот, Крушевскиот, Демир Хисарскиот! На овие простори делувале најпознатите Македонски синови кои своите животи ги положиле за својата татковина. Да го зачуваме делото на сите знајни и незнајни јунаци кои се колнеле во крстот и камата и гинеле за Македонија. Целта и патот на оваа коњаница не е само да се стигне до Крушево туку низ секое едно село низ секое место да оддадеме почит на сите херои од овие наши најреволуционерни краишта а ги има премногу.
Накратко за револуционерната историја на Кичевско – Демирхисарската околија, значењето и битната помош на Војводите и Комитите од страна на Манастирот Пресвета Богородица Пречиста-Кичево:
Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на Манастирот Пресвета Богородица – Пречиста, и на учителите на повеќето села.
По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевско -Демирхисарските села Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката од с.Козица. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 Август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката – Кичевско Демирхисарски ВОЈВОДА.
ПРОГРАМА

ДЕН 1. 26.07.2018година (Четврток)
• Од селото Србјани коњаниците се упатуваат кон место викано Ѓурѓејца за да оддадат почит кон паднатите херои за Македонија т.е. битка единствена која комитите ја добиле после задушувањето на Илинденското востание.
• Пристигнување на коњаниците во Манастирот Пресвета Богородица Пречиста – Кичево

ДЕН 2. 27.07.2018година (Петок)
• 7:30ч Богослужба во Манастирот Песвета Богородица Пречиста Кичево
• 9:30ч Заклетва на Комитите
• 10:30ч Поаѓање од Манастирот Св.Пречиста Богородица низ селото Србјани кон градот Кичево
• 12:00ч Спојување со Мавровската Коњаница кај Здружението на возачи Кичево
• 12:15ч Влегување во Градот Кичево и свечено дефиле.
• 13:00ч Влегување во Црквата Св. Петар и Павле
• 14:30ч Ручек за коњаниците во Ресторанот ЛУНА Кичево
• 15:30ч Поаѓање на којаниците кон селото Козица низ селата Другово, Пополжани, Видрани, Брждани и Свињишта.
• 20:00ч Комитска Вечер во Село Козица

ДЕН 3. 28.07.2017година (Сабота)
o 06:00ч Поаѓање од с.Козица кон с.Велмевци низ селата Белица и Прострање
o 11:00ч Пристигнување во селото Велмевци
o 12:00ч Од селото Велмевци се оди преку селото Големо Илино до Манастирот Св. Илија (Илинска планина)

ДЕН 4. 29.07.2017година (Недела)
• 05:00ч Поаѓање од Илинска Планина Манастир Св. Илија кон Смилево
• 18:00ч Пристигнување во Смилево
• 20:00ч Комитска вечер

ДЕН 5. 30.07.2017година (Понеделник)
• 05:00ч Поаѓање од Смилево кон Прибилци
• 11:00ч Пристигнување на коњаниците во Демир Хисар
• 16:00ч Пристигнување на коњаниците во Прибилци
• 20:00ч Комитска Вечер

ДЕН 6. 31.07.2017година (Вторник)
• 05:00ч Поаѓање на коњаниците од селото Прибилци кон Крушево
• 18:00ч Спојување со Скопската коњаница и влегување во Градот Крушево

ДЕН 7. 01.08.2017година (Среда)
• Свечено Дефиле низ Градот Крушево
ДЕН 8. 02.08.2017година (Четврток)
• Поаѓање кон Мечкин камен и учестување во манифестацијата. 10 дена Крушевска Република

Да е за многу години!Борбата за Македонија никогаш не запира!!!

Култура

(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“

Објавено пред

на

ФОТО: ЦОУ Христо Узунов/Социјални мрежи

Овој месец стручната служба во ЦОУ „Христо Узунов“ во кичевското с.Другово со учениците од VII одделение заедно со вработените во установата, психологот Јасмина Дејаноска и дефектологот Цвете Наќеска ја реализираа работилницата под наслов „Позитивна комуникација“ – Самоосознавање и спознавање на другите, a во рамки на проектот: Зачувување на нашето Ментално здравје.

– Психолошката поддршка е многу важна во секој период од нашиот живот, доколку наидеме на некакви проблеми. Затоа превенцијата е еден од клучните моменти да спречиме одредено расплинување на одредена проблематика.

Проектот Ментално здравје преку реализација на работилниците ни нуди можност на учениците да им укажеме како да се справуваат на училиште и општо во секојдневниот живот со различните ситуации, за јавноста истакнаа од училиштето.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Објавено пред

на

©porta.mk

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост, додека младите брачни парови години наназад го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. На овој ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.

Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.

Честит именден и за многу години да е, честит брак и на тие што стапиле и се нови брачни парови!

Прочитај повеќе...

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C

Во Македонија во најголем дел од оваа седмица ќе биде невообичаено ладно за овој период од годината и со температури...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (7 април)

ОВЕН Верувате дека некој со кого инаку сте во добри односи ќе ви помогне. Можно е да станува збор за...

Македонија17 часа

Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот...

Скопје19 часа

МВР привремено одзеде 10 возила кои предизвикувале бучава и т.н. диви трки во Скопје

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички...

Мобилни уреди19 часа

Зошто е битен „авионскиот режим“ да биде приклучен додека патувате со авион

Користењето на уредот без режим на авион може да предизвика пречки што пилотите не сакаат да ги ризикуваат. Следниот пат...

Временска прогноза22 часа

Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места

Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен...

Македонија1 ден

МВР: Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањњето објавено на социјалните мрежи

На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (6 март)

ОВЕН Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете...

Спорт2 дена

(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок

Во рамки на денешниот ден беше одигран првенствен натпревар во третата македонска фудбалска лига – запад, помеѓу екипите на кичевски...

Спорт2 дена

Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари...

НАЈЧИТАНИ