Следете не

Lifestyle

Психотест: Колку среќа ви предвидела судбината

Објавено пред

на

За да откриете дали и колку Судбината ви е благонаклонета, одговорете на прашањата од тестот со да и не. Освен што ќе извлечете полезни информации за својата животна стратегија, вие сигурно и ќе се забавувате со тестот, подготвен од д-р Даниел Елман, автор на бестселерот “11 техники за постигнување на среќа. Вистинската!“

  1. Касметот е како гените – човек се раѓа со него.
  2. Успехот во животот зависи многу од шансата што ти се дала.
  3. Судбината е предодредена.
  4. Не можеме да ја смениме Судбината, дури и ако се трудиме од утро до мрак.
  5. Обично го правиме она што можеме, а не она што сакаме.
  6. Треба да имаме одредени дарби или таленти за да успееме во животот.
  7. Луѓето кои мечтаат само си го губат времето.
  8. Ќе избегнеме разочарување, ако не си поставуваме превисоки цели.
  9. Среќата им се насмевнува најмногу на храбрите.
  10. Човек треба да се труди, за да си заслужи шанса.
  11. Неопходно е да се спознаеме себе си, па после тоа да почнеме да делуваме.
  12. Треба да делуваме за да ја спознаеме својата вистинска суштина.
  13. Нема да погрешиме ако постојано се сомневаме во себе.
  14. Ако не успееме да се ослободиме од лошите навики, нема да постигнеме ништо во животот.
  15. Шансата е правопропорционална на мислењето што го имаме за себе си – колку е повисоко, толку подобро ни оди.
  16. Верата во сопствените сили е карактерна особина што малкумина ја поседуваат.
  17. Дури и кога човек не е сигурен во успехот, не треба да пропушти ни една возможност која ќе му се најде на патот.
  18. Неуспехот е доказ за тоа дека не сме ја завршиле задачата како што треба.
  19. Оптимистите веруваат во чуда и во принцип се замозалажуваат.
  20. Песимистите се мудри луѓе – реализмот ги штити од разочарување.

Вашите резултати:

Пишете си по една точка за одговорот со ДА на прашањата: 9, 10, 12, 14, 15, 17.

После додадете по една точка за одговорите со НЕ на прашањата: 1, 2, 3, 4, 5 , 6, 7, 8, 11, 13, 16, 18, 19, 20.

До 7 точки: Користите помалку од 35% од својот касмет(среќа)

Сметате дека добро ги знаете своите возможности и тргнувате од принципот кој гласи: Човек не треба да претерува, не треба да се надмине себе си. Се разбира понекогаш мислите, или само мечтаете дека би можеле да бидете сосема поинаков човек и да постигнете многу повеќе во животот. Но на крај повтрно се спуштате: Зошто да се залажувам? Кога ќе почнете нешто со цел да го смените своето постоење, не делувате со доволно елан и решителност и обично се откажувате на пола пат, верувајќи дека едноставно немате среќа.

Еден совет:

Ако престанете да се потценувате, без да имате апсолутно никаква причина за тоа, ќе сватите дека сте станале не безгласен статист, туку режисер на спектаклот, наречен – Вашиот сопствен живот.

Од 8 до 13 точки: Користите од 40 до 65% од вашата среќа

Стоите цврсто на земјата и имате рационална проценка за реалноста. Но и покрај вашата предвидливост, предрасудите и стереотипите создадени во детството ви пречат да ја покажете пред светот вашата вистинска вредност. Затоа не секогаш ги постигнувате целите и не смеете да сонувате за врвот, кој всушност и не е така далеку, колку што ви се чини.

Еден совет:

Откажете се од животната стратегија која ви наметнува да се однесувате како играч на карти кој добил ас, но вложува како да има слаби карти. Сватете дека вашата судбина зависи само од вас, и не застанувајте на едно место, задоволувајќи се со лесни, небитни победи.

Од 14 до 20 точки: Користите од 70 до 100% од касметот, што ви е даден од Судбината

Честитки! Иднината стои пред вас со раширени раце! Вие имате одлична проценка за реалноста, имате практичен и конкретен ум, не паѓате во замките поставени од предрасудите и контраверзното мислење. Шансата да го добиете она што го сакате во животот ќе стане сосема реална откако ќе сватите дека располагате со се што ви е потребно.

Еден совет:

Што ви пречи да се качите на највисокиот врв? Еден подетален поглед врз вас самите и вашите возможности, кои се многу поголеми отколку мислите. Како и поголема проверка кон другите – не сите ви го сакаат доброто. Само така ќе успеете да го насочите своето и на саканите луѓе постоење во вистинскиот правец.

Lifestyle

Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Објавено пред

на

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени придобивки. Според познатиот олимписки тренер за спринт, Стјуарт Мекмилан, оваа едноставна вежба може да биде дури и поефикасна од џогирањето.

Зошто скокањето со јаже е толку корисно?

Мекмилан, кој има тренирано повеќе од 70 олимпијци, објаснува дека прескокнувањето е совршена комбинација на аеробни и плиометриски вежби – експлозивни скокови кои развиваат брзина, координација и сила.

Во подкастот The Huberman Lab, тој ги истакна главните придобивки:

  • Зајакнување на срцето и белите дробови

  • Подобрување на координацијата и мозочната функција

  • Јакнење на мускулите и сврзното ткиво

  • Намалено оптоварување на зглобовите во споредба со интензивните вежби

„Следниот пат кога ќе трчате, пробајте да менувате – трчајте 30 секунди, а потоа прескокнувајте со јаже. Ќе почувствувате разлика веднаш“, вели Мекмилан.

Позитивно влијание врз држењето на телото

Д-р Ендрју Хуберман, водител на подкастот, ја сподели својата лична искуство: „Се чувствував фантастично! Моите колкови беа опуштени, држењето ми беше совршено, дури ми се чинеше дека сум повисок за еден инч.“

Научни докази за здравствените придобивки

Истражувањата, вклучително и студија од 2010 година, покажуваат дека динамичните вежби како скокањето со јаже го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го подобруваат квалитетот на животот во подоцнежните години. Дополнително, оваа активност создава помало оптоварување на зглобовите во споредба со други интензивни тренинзи, што ја намалува можноста за повреди.

Само 10 минути дневно се доволни

Мекмилан препорачува скокањето со јаже дури и како побезбедна алтернатива за спринт, бидејќи помага во зачувување на брзината и експлозивноста што природно ја губиме со возраста. Според него, само 10 минути дневно се доволни за да ги активирате мускулите одговорни за брзи реакции и стабилност.

Извор: Index

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти

Објавено пред

на

Водата е есенцијален ресурс, но прекумерната потрошувачка може да доведе до високи сметки. Од перење алишта и туширање до готвење и наводнување на градината, секојдневно трошиме големи количини вода. Со воведување мали промени во навиките, можно е значително да се намалат трошоците, а експертите споделуваат неколку едноставни, но ефективни решенија.

1. Проверете дали има протекување

Протекувањата од славини, цевки или апарати како машината за перење и машината за миење садови можат да доведат до огромна загуба на вода. Редовно проверувајте ги овие извори и навремено поправете ги сите дефекти. Дури и мало капење може да резултира со неочекувано високи сметки.

2. Користете поефикасни туш глави

Модерните туш глави со регулатор на проток или аератори можат да ја намалат потрошувачката на вода без да го намалат притисокот. Овие тушеви мешаат воздух со водата, создавајќи чувство на поголем млаз, но со значително помала потрошувачка.

3. Намалете го времето под туш

Долгите туширања значително ја зголемуваат потрошувачката на вода. Намалувањето на времето за туширање дури и за неколку минути може да направи голема разлика во текот на месецот.

4. Користете тоалет со двојно плакнење

Современите тоалети овозможуваат избор на посилно или послабо плакнење, што помага да се заштеди значителна количина вода. Користете ја помалата количина вода кога е можно.

5. Собирајте дождовница

Дождовницата може да се искористи за наводнување на растенијата, миење автомобили или дури и за чистење на надворешните површини. Ова е едноставен начин да се намали потрошувачката на вода од водоводната мрежа.

6. Вклучувајте ги машините само кога се полни

Перењето алишта и садови кога машините се полупразни значи непотребно трошење на вода. Почекајте да ги наполните пред да ги вклучите за да го намалите бројот на циклуси.

7. Избегнувајте непотребно трошење вода

Не преполнувајте кади, не оставате водата да тече додека миете заби или садови и внимавајте на количината вода што ја користите за секојдневни задачи. Малите промени можат значително да се одразат на вашата сметка.

Со овие едноставни совети, можете да го намалите непотребното трошење вода и да направите значителни заштеди на вашите месечни сметки.

Извор: Vecerni
Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како поместувањето на часовникот може да го подобри вашето здравје и расположение

Објавено пред

на

Секоја година, кога ги поместуваме часовниците за еден час напред, се покренува истата дебата – дали оваа промена носи корист или само предизвикува замор и конфузија?

Иако многумина се жалат на недостаток на сон и потешки утра, ретко се зборува за позитивните аспекти на ова прилагодување. Летното сметање на времето носи бројни придобивки за здравјето, продуктивноста и расположението.

Повеќе дневна светлина значи подобар квалитет на живот

Подолгите денови овозможуваат повеќе време во природна светлина, што има позитивен ефект врз телото. Сончевата светлина го стимулира производството на серотонин – хормон кој го подобрува расположението и го намалува стресот. Помалку време под вештачко осветлување придонесува и за подобро здравје на очите.

Подобрен деноноќен ритам и полесно будење

Иако во првите неколку дена будењето може да биде потешко, со текот на времето, деноноќниот ритам станува подобро усогласен со природната светлина. Утрото станува посветло порано, што овозможува поприродно будење со изгрејсонцето, наместо со аларм во темнина. Ова ја намалува утринската поспаност и ја подобрува концентрацијата во текот на денот.

Помал ризик од сезонска депресија

Сезонското афективно растројство (SAD) е поврзано со недостаток на сончева светлина, а поместувањето на часовниците овозможува подолга изложеност на дневна светлина, што може да помогне во борбата против сезонската депресија. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце имаат постабилно расположение и повеќе енергија.

Повеќе физичка активност

Подолгите денови го поттикнуваат активниот начин на живот. Дополнителниот час на светлина често се користи за вечерни прошетки, возење велосипед или други активности на отворено. Ова позитивно влијае на физичкото здравје и целокупната кондиција.

Подобрена продуктивност и мотивација

Посветлите денови имаат позитивно влијание врз работната ефикасност. Повеќе сончева светлина во текот на денот го намалува заморот, го подобрува фокусот и го зголемува чувството на задоволство од работата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат во простории со многу природна светлина имаат повисоки нивоа на енергија и помала потреба од попладневни дремки или вишок кафе.

Подобро регулирање на спиењето

Иако менувањето на часовникот може привремено да го наруши ритамот на спиење, телото со тек на време се прилагодува и тоа може да доведе до подобар ноќен одмор. Изложеноста на природна светлина во текот на денот придонесува за подобра регулација на сонот и подобро општо здравје.

Извор: Dnevnik

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје3 часа

(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира...

Хороскоп3 часа

Хороскоп за понеделник (31 март)

ОВЕН Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска...

Спорт8 часа

ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење...

Lifestyle14 часа

Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени...

Автомобили14 часа

Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик

Калифорнија, како еден од најголемите пазари за електрични возила (ЕВ), има огромна побарувачка за инфраструктура за полнење. Според податоците на...

Lifestyle14 часа

Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти

Водата е есенцијален ресурс, но прекумерната потрошувачка може да доведе до високи сметки. Од перење алишта и туширање до готвење...

Lifestyle14 часа

Како поместувањето на часовникот може да го подобри вашето здравје и расположение

Секоја година, кога ги поместуваме часовниците за еден час напред, се покренува истата дебата – дали оваа промена носи корист...

Магазин14 часа

Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек

Состојки: 200 гр свежи печурки (или мешани по избор) Сол, бибер, свеж магдонос 50 гр путер (по можност несолен) 1...

Македонија17 часа

Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 март)

ОВЕН Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

НАЈЧИТАНИ