Здравје и убавина
Работата во смени го зголемува ризикот од мултиплекс склероза кај младите
Младите луѓе кои работат во смени или исклучиво ноќе и поради тоа немаат нормален сон, имаат два пати поголем ризик од мултиплекс склероза, за разлика од оние кои никогаш не работеле во смени – открива истражувањето на институтот Каролинска во Стокхолм кое што анализирало преку 6000 заболени и новозаболени од мултиплекс склероза на возраст од 16 до 70 години.
Луѓето кои најмалку три години работеле во ноќна смена пред да наполнат 20 години имаат поголем ризик од мултиплекс склероза. Ноќната работа и работата во смени го пореметува циркардијалниот ритам и предизвикува излачување на мелатонин, одосно ги зголемува воспалителните реакции, а со тоа овозможува развој на болести.
„Нашата анализа покажува значајна поврзност меѓу работата во смени во младоста и појавата на мултиплекс склероза. Резултатите покажуваат дека луѓето кои до 20-ата работеле во смени имаат два пати поголем ризик од ’МС‘, отколку оние кои никогаш не работеле во смени“ – истакнува водителката на истражувањето, д-р Ана Карин Хедсторм за Science Daily.
Претходните истражувања потврдуваат дека работата во смени, ноќната работа или ротирачкото работно време го зголемуваат ризикот од кардио-васкуларни болести и пореметувања на штитната жлезда и ракот.
Мултиплекс склерозата е бавно напредувачка болест на централниот нервен систем којашто се карактеризира со дифузно насобирање на демиелинизација (губење на белата маса) во мозокот и р’бетниот мозок што резултира со невролошки симптоми и знаци. Причината за болеста не е позната. Почетокот може да се поврзе и со некоја притаена вирусна инфекција која предизвикува патолошки одговор на имунитетот. Можно објаснување е и семејната склоност. Болеста најчесто се развива помеѓу 20 и 40 години и почеста е кај жените отколку кај мажите
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Кичево2 дена
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија19 часа
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Македонија2 дена
Охриѓанка била измамена, лицето кое ја измамило и кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Свет1 ден
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија17 часа
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Македонија13 часа
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“