Здравје и убавина
Зошто раните во устата заздравуваат побрзо?
Раните во устата зараснуваат побрзо од повредите на други делови на кожата, а сега научниците се обидуваат да дознаат како устата залекувањето го прави побрзо.
Според истражувањата објавени минатата недела во Science Translational Medicine, некои од поголемите регулатори на активноста на гените се вклучени во “прекувремената” работа која устата ја презема во залекувањето на раните без лузни. Овие регулатори коишто всушност претставуваат протеини, познати како SOX2, PITX1, PITX2 и PAX9, се активни во кожните клетки наречени кератиноцити во устата, но не и во клетките на кожата од раката. Регулаторите го држат под контрола воспалението коешто може да доведе до создавање на лузни, а ги вклучуваат молекуларните програми поврзани со движењето на клетките и затворањето на раните, велат истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего и Националниот институт за здравство во Бетесда, Мериленд.
Разбирањето на механизмите за брзо зараснување на раните во устата може да донесе терапии со кои раните на кожата би се залекувале без лузни. Бидејќи регулаторите се вклучени во многу биолошки процеси, вклучувајќи го и развојот на организмот, научниците треба да се откријат кој од овие процеси е најзначаен при заздравувањето на раните, вели Луис Гарса (Luis Garza), истражувач на процесите во кожата и дерматолог при Факултетот за медицина Џон Хопкинс. Споменатото истражување моѓе да понуди некои одговори.
Истражувачите направиле мали ранички со иста димензија во устата и на внатрешниот дел од надлактицата кај 30 доброволци. Раните во устата зацелиле за околу три пати побрзо од раните направени во кожата на раката. Во просек зацелувањето се одвивало со брзина од околу 0,3 милиметри на ден кај раните во устата споредено со нешто помалку од 0,1 милиметар на ден кај раните на раката. Намалувањето на количините на PITX1 и SOX2 во кератиноцитните клетки во устата одгледувани во лабораториски садови довело до промена во активноста на гените поврзани со клеточното движење. Зголемување на нивоата на SOX2 во кожата на глувците го скратило времето на лекување од девет на речиси три дена.
Можеби не треба да изненадува тоа што површинскиот слој во усната празнина и другите слузокожни мембрани брзо заздравуваат. Според Гарса ова можеби се должи на еволуцијата на ‘рбетниците во океанот. Тој уште додава: “Голем дел од нашето време сме го поминале учејќи како да ги заздrавиме рани под вода. Затоa, има смисла тоа штo раните на нашата влажна слузница заздравуваат многу добро”.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хроника16 часа
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин2 дена
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Lifestyle2 дена
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Кичево5 часа
Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“
-
Култура1 ден
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза1 ден
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (31 јануари)