Следете не

Храна

Рецепт за брзо слабеење: Наместо вечера, јадете го ова!

Објавено пред

на

Ако сакате да изгубите неколку килограми, мора сериозно да се посветите на тоа. Тука нема голема мудрост: едноставно внимателно избирајте што јадете и се движите се многу. За оние кои сакаат да ослабат брзо, ве советуваме да ја замените вечерата со овој лаксативен оброк. Сепак, многу е важно да не го користите ова повеќе од 7 дена.

Потребно е: 1 чаша кефир, 1 јаболко, 1 лажица цимет.

Подготовка: Изрендајте го јаболкото, додадете чаша кефир и 1 лажичка цимет. Јадете го ова навечер наместо вечера.

После неколку дена ќе забележите дека половината ви е потенка, а стомакот ви е порамен.

Оваа каша е одличен пробиотик, совршено ги елиминира токсините од телото. Сепак, за да изгубите тежина во овие 10 дена, треба да јадете здраво: исфрлете слатки, тесто и грицки!

Исто така, наша препорака е половина час во теретана  секој ден!

Резултатите ќе ве воодушеват!

Магазин

Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек

Објавено пред

на

Состојки:

  • 200 гр свежи печурки (или мешани по избор)
  • Сол, бибер, свеж магдонос
  • 50 гр путер (по можност несолен)
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 чаша (околу 200 гр) ориз арборио
  • 500 мл пилешка или зеленчукова супа (за вегетаријанска верзија)
  • Дополнителна вода или супа по потреба
  • Пармезан (изобилно)

Подготовка

1. Подготовка на печурките

Исчистете и ситно исечкајте ги печурките. Пропржете ги во тава на средна температура без премногу маснотии, додека не омекнат и не ја испуштат сопствената течност. Зачинете ги со сол, бибер и свеж магдонос. Тргнете ги на страна.

2. Основа за рижото

Во истото тавче растопете го путерот, па додајте ситно исечкан кромид и лук. Пржете додека кромидот не стане стаклест и нежен, ослободувајќи ја својата сладост и арома.

3. Додавање на оризот

Додадете го оризот арборио и кратко пропржете додека не стане малку проѕирен и не ги впие аромите. Почнете постепено да ја додавате супата, по малку, со постојано мешање. Кога оризот ќе ја впие течноста, додадете уште супа. Овој процес треба да биде постепен за да се постигне карактеристичната кремаста текстура на рижото.

Кога оризот е речиси омекнат, вратете ги печурките во тавата за да се соединат вкусовите.

4. Финални чекори

На крајот, додадете уште малку путер за дополнителна кремастост и изрендајте изобилно пармезан. Нежно измешајте додека кашкавалот не се стопи и соедини со останатите состојки. По потреба, додадете дополнително сол и бибер.


Совети за совршено рижото

Често мешајте – мешањето помага да се ослободи скробот од оризот, што му дава на рижото кремаста текстура. ✔ Не го плакнете оризот – за разлика од другите јадења, овде скробот е клучен за вистинскиот резултат. ✔ Користете топла супа – додавањето ладна течност го забавува готвењето и ја менува текстурата. ✔ Додадете сирење и путер на крајот – за да се задржи нивниот полн вкус и да му дадат финален сјај на јадењето.


Без разлика дали го правите за себе или го споделувате со некој близок, кремастото рижото со печурки секогаш ќе биде вистински избор! Уживајте во готвењето и во секој залак!

Извор: LIZ

Прочитај повеќе...

Магазин

Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Објавено пред

на

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на подготовка е едноставен, бара минимално време, а резултатот е природен, вкусен и здрав производ кој не може да се спореди со индустриските варијанти.

Освен што има богат и кремаст вкус, киселото млеко е одличен извор на протеини и пробиотици, кои го подобруваат варењето на храната и ја одржуваат балансот на цревната микрофлора.

Состојки:

  • 3 литри млеко (по можност со 3,8% маснотии)
  • 1 лажичка шеќер
  • 350 г кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Во млекото додадете шеќер и оставете го да зоврие.
  2. Потоа исклучете го огнот и оставете го малку да се излади. Оптималната температура е ако можете да го држите прстот во млекото 10 секунди без да ве пече. Некои баби ја проверувале температурата и со лактот – ако не е премногу жешко, значи дека е подготвено.
  3. Одвојте околу 300 мл топло млеко во посебен сад и додајте ја павлаката. Измешајте добро додека не добиете мазна смеса.
  4. Истурете ја оваа смеса во остатокот од топлото млеко и убаво измешајте со лажица.
  5. Префрлете го млекото во сад во кој ќе се закисели. Најдобро е да користите глинена тегла, но може и друг сад.
  6. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го преку ноќ на собна температура.
  7. Следното утро, ставете го киселото млеко во фрижидер и оставете го 24 часа пред да го консумирате.

Совет:

Некогаш мајките додаваа кора од леб во млекото за да помогнат во згуснувањето. Доколку користите млеко со помала масленост, ова е одличен начин да добиете погуста текстура.

Со овој рецепт, ќе подготвите вкусно, природно и здраво домашно кисело млеко, исто како што правеле нашите баби!

Извор: RadioSA

Прочитај повеќе...

Храна

(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна

Објавено пред

на

Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена, посјајна, со еднаква големина и изглед, со сјајна боја, без модринки и оштетени делови, без знаци за гниење…

Вештачкото месо, исто така, изгледа добро. Но, доколку обрнете внимание на црниот дроб и бубрезите ќе забележите дека тоа е лажна храна. Имено, ако бубрезите или црниот дроб од некои животни ви делуваат болно, не го купувајте тоа месо бидејќи тие животни најверојатно се хранети со ГМО сточна храна.

На кратко, вештачката храна содржи пестициди и хемиски вештачки ѓубрива, содржи генетски модифицрани организми и сл.

Што мислите, ја чувствуваат ли луѓето разликата меѓу обичната и органската храна?

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза4 часа

Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (16 април)

ОВЕН Како што ќе изминува денот, ќе бидете се поубедени дека нешто мистериозно се случува околу вас. Барем тоа ќе...

Скопје10 часа

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на...

Македонија17 часа

Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од...

Македонија18 часа

По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со намалена цена за 2 денари, односно 44 ден/лит. Имено како што...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (15 април)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт1 ден

Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2)...

Технологија1 ден

Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената

Во Европа, PS5 Digital Edition сега ќе чини 499,99 евра, објави компанијата во блог пост. Sony ја зголеми цената на...

Македонија2 дена

Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо

На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни...

Македонија2 дена

Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола...

НАЈЧИТАНИ