Кичево
Реновирана полициската станица во Кичево
Зградата на полициската станица во Кичево доби нова фасада и нови ПВЦ прозорци, со што е променет како естетскиот изглед на објект, така е подобрена и енергетската ефикасност, со што ќе се намалат и трошоците за затоплување на истиот.
Покрај полициската станица во Кичево, реконструирана е и зградата на полициското одделение во с.Зајас.
Исто така дисперзијата на базната станица за изготвување на лични карти и пасоши брзо се почувствува од страна на жителите од зајашкиот регион.
– Со дисперзијата на базната станица во полициското одделние во село Зајас, се почувствуваа и првите придобивки за жителите од овој крај. Повеќе ќе нема потреба жителите од овој регион за овие потреби да патуваат во Кичево, туку работите ќе ги завршат во базната станица во село Зајас, каде ќе можат да се фотографираат за лични карти, пасоши и возачки дозволи.
Овој пример секако ќе ни даде насока и во иднина по сличен терк да дисперзираме и други базни станици во југозападниот регион од земјава ако за тоа има потреба-рече Стефан Димовски, портпарол на СВР-Охрид.
Фото и Текст: Зоран Антоски
Кичево
(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево чесниот Крст, Бог сакал по трет пат да го пронајде најсреќниот Алек Хлоупек
Денеска во Кичево на свечениот настан по повод Богојавление Водици трет пат по ред најсреќен беше Алек Хлоупек (26) кој го извади светиот Крст од осветените води. На овој настан учествуваа вкупно 41 учесници. На барање на организацијата овој пат за прв пат поради капацитет на вода во градскиот базен, учесниците го бараа Светиот Крст на поинаков начин.
– Прекрасно е чувството да се биде дел од оваа манифестација, учествувам повеќе години, но Господ ме избра мене повторно и по трет пат светиот Крст да дојде до моите раце. Останува да го кажам она што го кажував и порано. Очекувам во иднина многу повеќе пред се млади луѓе да земат свое учество бидејќи ова за мене а верувам и за сите е најблагородна работа која може човек да си ја дозволи, Водици за мене е најголемо духовно исполнение.
– Исто така ја користам оваа прилика да истакнам дека Господова 2026-та година здравје ќе паузирам, мислам дека е доволно Слава му на Бога!
– Бог се јави, да сте ми живи и здрави, за Порта.мк истакна младиот Хлоупек.
Кичевското свештенство му подари рачно изработена икона со благослов од свештенството на нашиот уметник Марјан Тренески по негова иницијатива од Св.Јован Крстител, Кумовите фам. Маневи, генералниот спонзор „Зегин“ и оваа година го даруваа Хлоупек со паричен ваучер и скромни поклони, посакувајќи му многу здравје, среќа, љубов и бериќет.
Во продолжение ексклузивно погледнете ги официјалното видео, како и фотографиите од нашиот објектив и од Јове Ангелески „Фото Зоран“ – ТУКА
Во с.Цер кичевско по втор пат и покрај многу ладното време и замрзнатиот Вир, најсреќниот беше 15-годишникот Петар Којчески!
Исто така во с.Белица, најсреќен беше Димитар Магденоски:
Во с.Другово оваа година најсреќен кој стигна најбрзо до Светиот Крст на река Треска беше Ивица Мисајлески од соседното село Брждани кичевско.
Бог се јави, Навистина се јави!
За многу години!
Оваа прилика нашиот медиум упатува посебна благодарност до медицинската екипа на „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, како и за Полициските службеници од ОВР Кичево за беспрекорната соработка за овој голем ден.
Галерија од кичевската манифестација преку нашиот објектив:
Кичево
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
До сега 36 пријавени верници утре ќе се обидат да го фатат Крстот што ќе биде положен во градскиот базен во Кичево, по повод празникот „Богојавление Водици“, за нашиот медиум предмалку информираа од Кичевската Парохија, како што знаеме пријавувањето трае до денес 16:00ч.
– Осветувањето на водите и чинот на положување на Чесниот Крст и оваа година традиционално е закажан во 11:00ч, додека поради големиот интерес апелираме сите кои сакаат да присуствуваат на настанот да дојдат порано, најкасно до 10:25ч.
По завршување на литургијата која е закажана за утрото во 08:00ч, во 10:15ч часот Кичевската Парохија заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон градскиот базен, каде ќе започне „Водосветот“, а потоа ќе се положи Крстот во 11:00ч
За многу години!
Вака изгледаше ланска година, каде најсреќниот кој по втор пат го пронајде светиот Крст беше кичевчанецот Алек Хлоупек:
Кичево
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
Кичевската парохија ги известува сите водичарски кумови од Кичево и околината дека Утрената богослужба и Големиот Богојавленски водосвет, кога се осветува водата која се зема од страна на кумовите, ќе се отслужи сабота во 03⁰⁰ часот, како што е вообичаено (18.01.2025 година во 03⁰⁰ часот).
Исто така, во село Другово осветувањето е околу 05⁰⁰ часот и сите кои нема да бидат во градскиот храм, тоа можат да го направат во храмот „Света Недела“ во Другово утрото (18.01.2025 година во 05⁰⁰ часот).
За многу години!
-
Кичево8 часа
(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево чесниот Крст, Бог сакал по трет пат да го пронајде најсреќниот Алек Хлоупек
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (18 јануари)
-
Македонија11 часа
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
-
Кичево1 ден
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
-
Македонија2 дена
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
-
Култура1 ден
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
-
Хороскоп21 час
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Растенија кои носат среќа во 2025 година