Следете не

Спорт

10 невозможни нешта кои само Роналдињо ги направил во фудбалот (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Ако денешните фудбалски ѕвезди фудбалот од статус на спорт и најважна споредна работа во животот, го издигнаа на статус на чист бизнис и најважна главна економска работа на светот за голем број компании и корпорации, Роналдињо на фудбалот дефинитивно му го даде најубавиот шарм.

Ако некој успеа да ги искомбинира врвната фудбалска техника, неповторливите фудбалски атракции и ултимативен фудбалски квалитет со забава, уживање и шоу и да ги издигне на ниво на вистинска уметност на теренот – тоа сигурно е тој, уметникот со фудбалската топка, маестро Роналдињо.

Спорт

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство. Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска. Во групата Б5, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, се наоѓаат и репрезентациите на Ерменија и Литванија.

Во првото коло, кое на програмата е на 1. април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Лучко, со почеток во 16:30 часот.

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.

Селекторот Астрит Мерко за претстојниот квалификациски циклус се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова – Скопје

Дијана Алуши – Ас Јунајтед

ОДБРАНА:

Катерина Петкова – Истатов

Михаела Додевска – Скопје

Слаѓана Ѓоргиева – Тиверија Брера

Ива Јовановска – Љуботен

Стефанија Веселинова – Каменица Саса

Васка Василева – Каменица Саса

Ана Боризоска – Скопје

СРЕДЕН РЕД:

Ева Конева – Малта

Ива Јосифова – Тиверија Брера

Јехона Велиу – Швајцарија

Сара Дика – Ас Јунајтед

Едина Мехмети – Швајцарија

Кристина Крстева – Скопје

НАПАД:

Сара Димитриоски – Атлетико

Емили Митковска – Речица

Анастасија Илиевска – Топ Гол

Мелиса Димитриоски – Атлетико

Елена Симјонова – Љуботен

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video TV21

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност во фудбалот нема да има – говори првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во интервјуто за ТВ21 кое премиерно ќе се емитува денес во 11:00ч, проследете го.

Прочитај повеќе...

Спорт

Формула 1: „Ред Бул“ го испраќа Лосон во својот втор тим „Racing Bulls“

Објавено пред

на

Тимот на „Ред Бул“ го испрати возачот Лиам Лосон во својот втор тим „Рејсинг Булс“ и на негово место го доведе Јапонецот Јукио Цунода, објавено е денеска на официјалната веб-страница на Формула 1.
Цунода дојде од другиот тим на „Ред Бул“ – Расинг Булс. Јапонскиот возач ќе биде нов тимски колега на актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул.

Лосон ќе вози за тимот на Рејсинг Булс со Исак Хајар од Франција. Лосон инаку го замени Мексиканецот Серхио Перез во тимот на Ред Бул пред почетокот на сезоната. Сепак, тимот на Ред Бул реши да го замени Лосон по две трки, бидејќи беа незадоволни од резултатите на возачот од Нов Зеланд на почетокот на сезоната во Ф1.

Лосон не ја заврши трката за ГН на Австралија, додека Кинеското ГП ја заврши на 12-та позиција.

Беше тешко да се гледа Лиам како се бори со RB21 за време на првите две трки и како резултат колективно донесовме одлука да направиме промена. Во сезоната 2025 влеговме со две амбиции, да го задржиме шампионатот кај возачите и да ја освоиме титулата кај конструкторите, а ова е чисто спортска одлука – изјави директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 6-ти април за Големата награда на Јапонија.

Извор: AutoBlog.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle5 часа

Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога сакате да подготвите вкусен оброк, но месото е сè уште замрзнато? Наместо...

Lifestyle5 часа

Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек

Започнете го денот со појадок богат со протеини и влакна! Овесна каша, грчки јогурт, грејпфрут, банани и јајца се вистинскиот...

Lifestyle5 часа

Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?

Зелениот чај нуди бројни здравствени придобивки, но само ако се подготвува правилно и се пие во соодветни количини. Зошто зелениот...

Магазин5 часа

Google Maps ќе чита Screenshots: Нова функција што го олеснува планирањето на патувањата

Google Maps наскоро ќе добие нова функција која ќе им овозможи на корисниците полесно да ги организираат своите патувања со...

Магазин5 часа

WhatsApp за iPhone добива поддршка како стандардна апликација за повици и пораки

За првпат, корисниците на iPhone ќе можат да го постават WhatsApp како стандардна апликација за повикување и испраќање пораки. Оваа...

Магазин5 часа

YouTube Premium воведува споделување видеа без реклами со пријателите

YouTube Premium ја претстави новата функција што им овозможува на корисниците да споделуваат до 10 видеа без реклами со пријателите...

Временска прогноза8 часа

Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија  и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за сабота (29 март)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт18 часа

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од...

Скопје24 часа

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

НАЈЧИТАНИ