Временска прогноза
Денес сончево и тивко, од утре нечист дожд проследен со сахарска прашина во нашиот регион

Во текот на изминатата ноќ во поголем дел од државава облачноста се намали и врнежите престанааа со исклучок во западните предели каде имаше повеќе облаци и послаби локални врнежи од дожд.
До крајот на денов времето ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност и тоа особено во западните предели каде локално ќе има и умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој локално ќе засилува на интензитет.
Поради југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе започне транспорт на прашина и песок па така и времето ќе биде релативно мачно, понекаде и спарно. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Повеќе облаци повторно ќе има во текот на утрешниот ден кога на запад ќе има услови за послаб локален дожд претежно попладне и навечер.
Циклонот ЗЛАТКА повторно врнежи од дожд ќе услови во четврток и истите локално ќе бидат нешто поинтензивни а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи. Исто така во четврток поовторно ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ[sg_popup id=”25235″ event=”onLoad”][/sg_popup]
Временска прогноза
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија

До четврток во Македонија и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни).
Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Локално пак ќе се создаваат грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер (овие процеси повремено ќе бидат поинтензивни и во вид на невреме).
Во Скопскиот регион, исто така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.
– Да напоменам, дека за време на овој период, локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен), додава Попоски.
Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно високи и на повеќе места ќе бидат околу 15 степени, а тие повремено и локално ќе надминуваат 15 степени, додека во
Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, или за некој степен над 20 степени, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.
И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).
Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.
Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните локални поплавувања, но и поради елекричните празнења кои се очекуваат, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег

Самиот почеток од април во Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква ситуација, на планинските и на скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите.
Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме и во повисоките населени места во западните и во северните предели од републиката.
– На Метеоролошката карта можете да ја видите очекуваната снежна покривка во Македонија на самиот почеток на април, па така може да се види дека позначителна снежна покривка ќе се формира на планинските и Скијачките места.
Исто така, април оваа година ни носи можност и за нова појава на мразеви во утринските часови, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
п.с. За утре (петок), Алатката НОТАС предвидува понестабилна атмосфера кај нас, односно ниво два, локално и ниво 3 со поголема веројатност за нестабилност, проследена со врнежи, грмежи и засилен ветер (во вид на невреме кое може да биде проследено и со појава на град и електрични празнења).
Се очекува локално да наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен.
-
Хороскоп23 часа
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Македонија6 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза1 ден
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија8 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома