Кичево
Синохидро ќе добие ли три години за довршување на автопатот Кичево-Охрид?

Анекс договорот е во финална фаза и очекувам во наредните денови да направиме конечен договор, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Во финална фаза е анекс договорот со кинеската компанија Синохидро за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, што истекува за неколку денови. Се проценува дека ќе бидат договорени дополнителни 36 месеци.
– Континуирано имаме средби со кинеската компанија со цел да го договориме анекс договорот што се однесува на продолжување на рокот на изградба на автопатот Кичево-Охрид. Мислам дека сме во финална фаза и очекувам во наредните денови да направиме конечен договор, што преку предлог закон ќе оди на одобрување во Собранието, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одговорајќи на новинарски прашања на одбележувањето на 50 години на Друштвото за патишта, а на кое фокусот беше ставен на Коридорот 8.
Министерот информира дека во рамки на Коридорот 8 е предвидена и доизградба на патниот правец до Ќафасан, на границата со Албанија, во финална изработка и почнување изградба е и патот Кичево-Гостивар и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка и патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир со Бугарија.
Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека според проценките ќе бидат потребни околу 36 месеци за доизградба на автопатот Кичево – Охрид.
– Наша цел, е вели, да го завршиме и ќе го завршиме, но да се потрудиме сите заедно да ги избегнеме проблемите што не тиштат со изградба на постоечките патишта од Коридорот, истакна Китанов.
Додаде дека за најмногу три до четири години ќе биде завршен Коридорот 8 во делот од Куманово до граничниот премин кон Бугарија.
– Завршено е тендерирањето и склучен е договорот со италијанската компанија Терена за делот кон Крива Паланка, а, исто така, е завршено тендерирањето и е во фаза на склучување на договорот со изведувачот што ќе почне да го реализира, посочи Китанов.
Информира дека во еден дел во завршна фаза од овој Коридор е проектирањето и делот од Гостивар до Кичево и сега останува да почне проектирањето за другиот дел од Букојчани до Гостивар.
Претседателот на Друштвото на патишта на Македонија, Горан Мијоски, потенцира дека Коридорот 8 е изграден и може да се патува по него без проблеми, но оти треба да се зборува за едно повисоко ниво на услуга што значи експресни патишта и автопатишта, што ќе овозможи побезбеден и поудобен сообраќај.
Додаде дека Македонија во моментов има над 300 километри автопатишта и вкупно 14.000 километри различни изградени патишта.
/vesti.mk
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот на нашиот соработник Јове Ангелески
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
Кичево
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.
🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.
Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански
Линк до објавата ТУКА
-
Македонија2 дена
Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 април)
-
Временска прогноза2 дена
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите
-
Македонија17 часа
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа
-
Македонија2 дена
Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час
-
Македонија18 часа
По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици
-
Технологија1 ден
Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената
-
Спорт1 ден
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!