Случувања
Снимена смртта на боксер во ринг после брутален нокаут (ВИДЕО)

Во последните неколку дена на интернет кружи снимка од нокаутирањето на италијанскиот боксер Кристиан Дагио после кое падна во кома и никогаш не се разбуди.
Дагио во кариерата боксувал 189 борби и победил на 145 од нив, а притоа е и седмократен светски шампион.
49-годишната легенда на италијанскиот бокс падна после ударот на Дон Пареанг и почина на патот до болницата.
Македонија
(ФОТО) МВР откри и одзеде поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на с.Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово. Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово.
Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот, информира МВР.
Временска прогноза
Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.
Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски
Хроника
На регионалниот пат Битола-Прилеп според информациите камион прегазил човек кој им подлегнал на повредите

Од 20:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола-Прилеп кај м.в „Беровци“ во близина на бензинска пумпа се пренасочувал по стариот пат поради случена сообраќајна незгода со жртва“, а од предмалку истиот е ставен во нормализација според АМСМ.
Порталот „Маркукуле“ од свои извори дознава дека камион прегазил човек од прилепското село Беровци. Според информациите од терен до кои дојде медиумот, се работело за повозрасен човек, роден 1950година, кој им подлегнал на повредите.
-
Хроника2 дена
На регионалниот пат Битола-Прилеп според информациите камион прегазил човек кој им подлегнал на повредите
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (27 февруари)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) МВР откри и одзеде поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за петок (28 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Еве кои Samsung телефони први ќе го добијат ажурирањето на One UI 7
-
Автомобили19 часа
„Шкода“ започнува со производство на новите автомобилски модели „Enyaq“ и „Enyaq Coupé“
-
Спорт1 ден
ФФМ најостро ги осудува злонамерните напади насочени кон претседателот Омерагиќ и претседавачот на комисијата за делегирање на судии Бартон