Македонија
Со „Figurella Studio“ моделирајте го вашето тело на вистински начин

Моделирајте го вашето тело на вистински начин!
Figurella е место во кое на физиолошки начин со сертифициран активен и природен метод ќе го ремоделирате вашето тело, а за тоа ќе добиете и ПИСМЕНА ГАРАНЦИЈА!
Ослободете се од вишокот сантиметри, остварете го вашиот сон и поседувајте совршена фигура соединувајќи патентирана движечка активност, озонски третман и основни нутриционистички совети од вашиот личен асистент.
Она што го добивате е:
⦁ Бесплатна Анализа
⦁ Индивидуална Програма
⦁ Стручни Лица
⦁ Гарантиран Резултат
Третманот се содржи од серија на вежби кои се изведувааат во посебни кабини (кревети) на температура од 36.7 степени (нормална човечка температура).
Вежбите се изготвени за секојa клиентка посебно, односно го третираат оној дел од телото кој се смета дека е најпроблематичен.
Целта на вежбите е да ги намали маснотите на оној дел кој е најкритичен, да го зајакне локалното ткиво и да го редуцира целулитот.
Еден третман се состои од:
⦁ Серија на вежби во LETTINO ортостатичка купола со константна температура.
⦁ Бањи во Сув Озон кои предизвикуваат забрзување на ефектите од третманот со помош на активен кислород.
⦁ Голдорак како дополнителен третман на Методот Figurella кој овозможува подобрување и дефинирање на мускулната маса.
Дополнителни услуги кои ги нуди Фигурела Студио се Третмани во Солариум, за прв пат на овие простори нова паметна технологија (TRON UV+COLLAGEN LED Hybrid) која преку фотодинамична терапија го поттикнува лачењето на вашиот колаген и го активира настанувањето на Д витамин во кожата.
Новата локација на Фигурела Студио се наоѓа на “Булевар Илинден бр.107”. А за повеќе информации можете да го контактирате бројот: +389 78 317 379
Македонија
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина

На 14.08.2022 година во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-18, Струга-22, Кичево-47, Дебар-05).
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, известуваат од МВР.
Македонија
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 86,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,028 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,814 ден/кг.
Македонија
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени вкупно 149 мерки за пребрзо возење (ТЕ-119 и ГВ-30). 82 од мерките (ТЕ-52 и ГВ-30) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои 13 (ТЕ-5 и ГВ-8) биле за повеќе од 70 километри на час.
Во контролата биле санкционирани и 67 возачи ( сите на територија на Тетово), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 5 за повеќе од 50 километри на час. Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 12 други видови прекршоци.
Извор: МВР
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија10 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Македонија9 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија1 ден
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!
-
Временска прогноза9 часа
Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден