Следете не

Здравје и убавина

Важно за овој период при удар на сончаница, што да направите

Објавено пред

на

Сончаницата претставува оштетување на кожата, односно изгореници како резултат на прекумерно изложување на УВ-зрачењето. Поради високите температури во лето, лесно може да добиете сончаница. Во опасност се оние што подолго време од денот се на плажа, а не се заштитуваат со чадор за сонце или со капа. Последиците се чувствуваат откако ќе се скриете од сонцето, во текот на наредните 12-24 часа. Стануваат посилни доколку оштетената кожа ја изложите повторно на сонце.

Честото прекумерно горење на кожата може да биде причина за низа кожни болести. Најопасен е ракот на кожата.

Сличен на сончаницата е топлотниот удар, но тие две работи сепак се разликуваат по своите симптоми.

Симптоми

Некогаш е тешко да препознаете дали станува збор за сончаница, за настинка или за нешто трето. При сончаница се јавуваат следниве симптоми: вртоглавица, недостаток на енергија, гадење, потење, ментална конфузија, потемна урина и ретко мокрење, дамки под очите, ѕвонење во ушите и црвена кожа. При изгореници од сонце, кожата е премногу осетлива на допир и се карактеризира со висока температура.

При сончаница мора да внимаватe како се бањате. При бањање користете сапун кој не ја суши кожата, не користете сунѓер и сол за капење, употребете млака вода. По бањање полека со тапкање поминете со крпа по телото за да ја избришете водата. За да не ја влошите состојбата, не изложувајте се на сонце и на високи температури. Не се препорачува да се користи мраз, завој или мачкање со кисело млеко, како што многумина прават „по народски“.

 Бурни реакции кај децата

Кај децата, вжештување на телото може да се случи многу бргу, особено ако детето е активно на сонце. Практиката покажува дека почеста е т.н. доцна сончаница, која се случува неколку часа по престој на топло – пред спиење или во текот на првиот сон.

Раната реакција е многу бурна: детето одеднаш снемува сила, чувствува вртоглавица и мачнина, неретко повраќа и станува сонливо. Поголемите деца можат да бидат и вознемирени, а главоболката е речиси секогаш присутна. Детето е оросено со пот, рацете и нозете се прво топли, а ако се засолни од сонцето, стануваат студени и треперат. Телесната температура може да биде нормална, но обично е зголемена. Колку што детето е помало и симптомите се поизразени, а опасноста од компликации е поголема. Кога многу ќе се претера со сончањето, може да дојде и до губење на свеста, што почесто се случува кај адолесцентите.

Кога се случува „доцна сончаница“, симптомите побавно настапуваат, помалку се изразени, но подолго траат. Децата се топли, црвени, иако не се на сонце. Изгледаат како да ги нападнал вирус, може да повратат, па мајките и татковците често се збунуваат мислејќи дека е во прашање инфекција. Малите деца се со променливо расположение и имаат несоница. Телесната температура по правило е зголемена.

Tоплотен удар

Топлотниот удар настанува нагло и без најава, со ненадеен колапс и пад на крвниот притисок. Ова е акутно тешко нарушување на организмот и е неопходна интервенција од лекар.

Голем дел од симптомите се како и на сончаница, но не мора да биде последица од директно изложување на сонце. Топлотен удар може да добијат работници што работат покрај печки со висока температура, кај возачи што се во прегреан автомобил, кампери што спијат во лош опремен шатор или морнари што се покрај прегреан бродски мотор. Тој настанува како резултат на нагло и прекумерно зголемување на телесната температура и неможност на организмот да ја одржи температурата во нормални граници. Обично се јавува кога има зголемена влажност во воздухот. Тоа го отежнува потењето, поради што температурата на телото постојано расте и достигнува до 40 Целзиусови степени. Вака високата температура доведува до дисфунксција на централниот нервен систем, до делириум или до кома. Доколку оваа состојба потрае, моќно е да предизвика трајни оштетувања и невролошки нарушувања.

Симптоми на топлотен удар се: малаксаност, грчеви, вртоглавица, слабост, жед, главоболка, слаб но забрзан пулс, намалено потење, сува и црвена кожа.

Како да дадете прва помош

– лицето со сончаница однесете го под сенка или импровизирајте мал шатор;

– лицето треба да лежи на земја со поткрената глава;

– ставајте ладни облоги на лицето, пазувите и вратот;

– лицето треба да пие вода или електролитен пијалак (за да не дехидрира);

– нежно масирајте го по телото за да ја подобрите циркулацијата на крвта;

– мерете ја температурата на лицето на секои 10 минути;

– доколку нема подобрувања, обратете се во најблиската медицинска служба.

Кој е под ризик

Ризикот од сончаница е поголем кај:

– деца под 2 години;

– повозрасни лица;

– лица со проблеми со бубрезите, срцето или циркулацијата на крвта;

– лица со дијабетес;

– лица што консумираат голема количина алкохол.

Здравје и убавина

Неколку работи за „Витамин Ц“ кои дефинитивно не сте ги знаеле

Објавено пред

на

Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем, го одржува ткивото здраво, но и помага при апсорција на железото. Ако сте настинати, витаминот Ц ви е најдобриот сојузник во таа борба.

Препорачаната доза на витамин Ц за жени е 75 милиграми, а за мажи 90 милиграми, но и да внесете повеќе, никогаш не можете да се предозирате бидејќи овој витамин од телото се исфрла преку урината.

Погледнете кои намирници содржат најмногу витамин Ц:

1. Гуава

Половина шолја гуава содржи 188 милиграми витамин Ц и само 56 калории.

2. Црвена пиперка

Во половина шоља црвена пиперка има 143 милиграми витамин Ц, а само 20 калории. Доколку ја зготвите, таа во тој случај ќе ви обезбеди 118 милиграми витамин Ц.

3. Киви

Едно киви со средна големина содржи 70 милиграми витамин Ц и 46 калории.

4. Портокал

Еден портокал со средна големина има 70 милиграми витамин Ц и само 63 калории. Во сокот од портокал (природно цедениот), односно во ¾ од една чаша има од 61 до 93 милиграми витамин Ц и меѓу 79 и 84 калории.

5. Зелена пиперка

Таа содржи 60 милиграми витамин Ц и само 15 калории.

6. Грејпфрут

Половина грејпфрут содржи 39 милиграми витамин Ц и 52 калории.

7. Сок од зеленчук

Напитокот од зеленчук ќе ви обезбеди значително количество корисни состојки, вклучувајќи и витамин Ц. Ако додадете и домат, ќе добиете корисна доза на ликопен, кој е исклучително лековит. Во една чаша сок од зеленчук може да се најдат 50 милиграми витамин Ц и само 34 калории.

8. Јагоди

Јагодите содржат доста влакна и антиоксиданти, вклучувајќи и витамин Ц. Половина шоља јагоди содржи 49 милиграми витамин Ц и 27 калории.

9. Диња

Една четвртина диња има 47 милиграми витамин Ц и 51 калорија.

Додека сме кај овој витамин, пред неколку години истражувачите од Империјал Колеџот во Лондон откриле дека пациентите со астма или хронична опструктивна болест на белите дробови, почесто доаѓаат на болничко лекување во деновите кога загадувањето на воздухот поголемо. Исхраната богата со антиоксиданси би можела да им помогне на вашите бели дробови да се изборат со загаденоста од воздухот, покажува една студија.

Аеросолите исто така предизвикуваат оксидативен стрес во организмот и го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Меѓутоа, истражувачите откриле дека лицата кои имаат повисоко ниво на „витамин Ц“ во крвта имаат помали шанси да завршат во болница кога воздухот е позагаден од вообичаено.

Иако студијата била со мал обем, ова откритие „придонесува кон се поголемиот број докази дека ефектите од загадување на воздухот можат да се регулираат со антиоксиданси, вели Мајкл Бројер, научник од Универзитетот во Британска Колумбија.

Со истражувањето се опфатени 209 лица кои се примени во лондонската болница.

Претходно, истражувачи од Корнел универзитетот откриле дека исхраната богата со антиоксиданси ги чува функциите на белите дробови, а докажани се и позитивните ефекти на витаминот Ц и Е, како и селенот.

Исто така, Универзитетот во Северна Каролина пред повеќе години објавија дека „витаминот Ц“ може да ги заштити белите дробови од озон.

/denar

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Каде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

Објавено пред

на

Во бројни намирници кои секојдневно се на нашето мени е пронајдена хемикалија која предизвикува појава на тумор.

Станува збор за хемикалијата наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компирчиња, крекерите, па и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање при пржењето на наведените производи. Во најголема опасност се децата поради ниската телесна маса.

Опасноста од акриламид пред неколку години ја потврди и агенцијата на Европската унија ЕФСА (European Food Safety Authority), која веќе предложува нови закони за постапување со храната.

Зошто акриламидот е опасна хемикалија?

Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира до сите витални органи и таму метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетски мутации и тумори кои се појавуваат кај лицата.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Големо истражување: За поздраво срце, најдобро е да вежбате подоцна наутро

Објавено пред

на

Вежбањето помеѓу 8 и 11 часот е поврзано со најмал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар, покажа новото истражување на повеќе од 86.000 учесници.

Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој на коронарна срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто, пренесува порталот Medical News Today.

За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто.

Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.

„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.

„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.

Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот бил 62 години. На почетокот на истражувањето тие не боледувале од кардиоваскуларни заболувања, но во просек биле дебели.

Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори за зглобови.

Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.

Во тој период речиси 3.000 од нив развиле коронарна артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот имале најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.

„Ова е набљудувачка студија, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, рече Албалак.

„Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено доцните утрински активности, е најкорисна.

Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Нижополе и Попова Шапка под снег

На падините на Баба Планина, односно во с.Нижеполе моментално провејува снег, а во Маврово ноќеска. Слаб снег има на превој...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (28 ноември)

ОВЕН Може да очекувате нови случувања на деловно поле. Пресврти ве очекуваат ненадејно. Ве очекува и флерт со нова личност....

Спорт12 часа

Шкупи убедлив, Шкендија ремизираше, како победници ова коло се запишаа Работнички и ФК Скопје, преглед на 16-то коло од ПМФЛ

Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата...

Временска прогноза13 часа

Утро со многу ниски температури, дожд и снег, еве каде..

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес и тоа особено попладне и навечер, како и...

Македонија14 часа

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот. Зимата и...

Технологија16 часа

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи...

Култура18 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили22 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза1 ден

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

НАЈЧИТАНИ