Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.

Според УХМР, под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето.

На места ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

МИА