Кичево
Кичевскиот музеј поседува експонати кои ја сведочат Британската поддршка кон Македонија (ФОТО)

Експонати од музејот во Кичево сведочат за поддршка на Британија во втората светска војна за Македонија и долгогодишно искрено пријателство и соработка.
На Балканот до втората светска војна имало многу отворени прашања, но секако дека едно од побитните било македонското прашање. Интерес за македонското прашање пројавуваат големите сили се до втората светска војна. Во војна Македонскиот народ од самиот почеток зема активно учество во борбата против фашистичкиот окупатор.
Активностите на партизаните бележеле константен пораст се до конечно ослободување на Македонија. Најголеми, најжестоки и се позасилени борби од самиот почеток на војна имало во Западниот дел на Македонија каде во 1943 година по капитулацијата на Италија биле ослободени првите градови Кичево и Дебар.
Резултат на вака организираната борба била и формираната слободна територија во Западна Македонија во 1943 година, на која се организирал целокупниот живот успеале да формираат командни места во овој дел од Македонија, отворени биле првите училишта на македонски јазик.
Се организирал и одржал свештенички собор. Формирани биле чети и учесници во Илинденското востание, реонски чети, судови и полиција.
Ова биле првите показатели кои укажувале дека тука се поставени контурите на формирање на македонска држава.

Експонат на Музејот „Западна Македонија во НОБ“ (марама карта) која ја носеле британските војници додека престојувале во Македонија во втората светска војна.
Тогашниот меѓународен фактор ја следел ситуацијата во Македонија и дава поддршка во клучните моменти. Британскиот интерес за Македонија се зголемил од средина на 1943 година.
Проценките на британските експерти кажувале дека воените сили во Македонија можеле на непријателот да му нанесуваат удари од вардарската долина преку која, од почетокот на војната се пренесувале воени материјали во Солунското пристаниште, а оттаму и до сите фронтови на блискиот и средниот исток.
Потпирајќи се на ваквите анализи британците даваат поддршка
за ангажирање на единиците на НОБ и ПО на Македонија за реализирање на таквата цел, но под раководство на британските експерти, британските политички и водечки структури препорачале да се започнат подготовки за испраќање воени мисии на територијата на Македонија.
Во Македонија првата британска мисија пристигнала во Септември, од тогаш па се до крајот на војната останале мисиите на британците кои помагале со обичен команден кадар, воена опрема, облека, санитетски материјали.

Оружје и опрема – Експонат од Музејот „Западна Македонија во НОБ“ – Кичево
Исто така преку своите мисии и покрај помошта што ја давале на ПО се запознале директно со активностите на единиците и нивниот придонес што го давал македонскиот народ во борба против фашизмот. Во своите извештаи членовите на мисиите кои ги давале до надредени службеници јасно укажале дека Македонците се борат за слобода и за сопствена држава.
Музејот на „Западна Македонија во НОБ“ има многу експонати кои сведочат за соработката на Британија и македонскиот народ во втората светска војна.
Текст: Ѓорѓија Сајкоски
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија19 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза1 ден
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ