Следете не

Временска прогноза

Сончево и топло со температура до 33 степени

Објавено пред

на

Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб со ветер од северозападен правец.Температурите ќе се движат од 12 до 31 степен.

Денеска и во понеделник во текот на денот ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.

Временска прогноза

До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд

Објавено пред

на

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28  февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините.

Слично време ќе имаме  и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините  и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува и до околу 15 степени.

И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.

За време  на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места  и повисоките населени места, потоа  и во дел од градовите, особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.

По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.

Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста  и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени.  Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации

Објавено пред

на

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните  и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.

Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите  и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.

И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени, рано утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили49 минути

Зошто BMW има сино-бело лого, а Ferrari црн коњ? Скриените значења зад иконите на автомобилските знаци

Логото на автомобилите не се само визуелни елементи, туку ги претставуваат вредностите, наследството и визијата на брендот. Трокраката ѕвезда на...

Lifestyle51 минута

Фактори кои најчесто го забавуваат метаболизмот

Бавниот метаболизам не само што го отежнува метаболизмот на материите во организмот и одржувањето на здрава телесна тежина, туку влијае...

Магазин54 минути

Доаѓа iPhone 16e – за само 599 долари

По три години, Apple конечно го претстави својот нов модел на iPhone од почетната класа. iPhone 16e го заменува iPhone...

Магазин56 минути

Telegram жестоко казнет – милионска казна без компромис

Австралија го казни Telegram со голема сума поради доцнење во одговорот на прашања поврзани со злоупотреба на деца и екстремистичка...

Магазин56 минути

Temu под лупа на здруженијата на потрошувачи

Членовите на BEUC, европската асоцијација на организации на потрошувачи, во Данска, Италија и Обединетото Кралство спроведоа истражувања за да ја...

Магазин59 минути

Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања

Microsoft без многу помпа објави бесплатна верзија на Microsoft Office, овозможувајќи им на корисниците да ја преземат и инсталираат на...

Lifestyle1 час

Научниците открија неверојатен доказ за постоење на плажи на Марс

Марс можеби не изгледа како идеално место за одмор со неговиот сув пејзаж и високите нивоа на радијација, но новото...

Спорт3 часа

Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“

Фудбалската федерација на Македонија ги истакна официјалните лица за 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија кои ќе се одиграат...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (25 февруари)

ОВЕН Овој викенд месечината влегува во Водолија, вие ќе бидете во центарот на социјалниот круг. Сега е идеална можност за...

Спорт15 часа

На „Асовите бираат асови“ селекторот на македонската фудбалска репрезентација доби признание за „селектор на 2024“, а нашите фудбалери за најдобар национален тим

Во комплексот Негорски бањи се оддржа 34-тото издание на манифестацијата „Асовите бираат асови“, а се доделија и многу признанија, награди...

НАЈЧИТАНИ