Следете не

Забава

Она кога сообраќајниот метеж не претставува проблем (ВИДЕО)

Avatar

Објавено пред

на

Занимливости

Швалери и вие имате свој празник: 13 Фебруари е вашиот ден!

Avatar

Објавено пред

на

Повеќето парови на 14 Фебруари ќе го прослават Денот на вљубените. Но денот пред Свети Валентин е денот кога поголемиот дел од неверните партнери ќе ја прослават својата забранета врска, открива истражувањето спроведено од еден популарен сајт за склопување на вонбрачни врски.

52% од неверните партнери изјавиле дека својата тајна љубовна врска ќе ја прослават на 13 Фебруари па затоа овој ден во Америка се нарекува Денот на швалерите.

5% од нив изјавиле дека Свети Валентин ќе го прослават во друштво на својата тајна љубов ден подоцна, односно на 15 Фебруари, а 12% изјавиле дека Денот на вљубените ќе го прослават на 14 Фебруари и тоа на јавно место во ресторан.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Нови вознемирувачки податоци за штетното влијание на боите за коса!

Avatar

Објавено пред

на

Се докажа дека трајните бои за коса реагираат со димот од цигари и други загадувачи на воздухот, па создаваат една од најканцерогените формули познати на човекот – Н Нитрозамин. Велат дека сите информации за евентуалната штета веќе биле познати, и дека оваа студија само ги споила точките и ја поврзала со опасноста од ракот.

Со оглед на тоа дека повеќето жени редовно ги користат овие препарати, научниците сметаат дека ризикот по здравјето мора да се обелодени преку поширока масовна кампања.

Предупредуваат дека хемикалиите наречени секундарни амини кои се содржат во бојата за коса можат да продрат низ кожата и да останат таму со седмици и месеци, па дури и со години после нанесувањето на боја. Со време овие амини реагираат со димот од цигари и останати издувни гасови формирајќи го смртоносниот Н Нитрозамин.

Н Нитрозамин е забранет да се употребува во козметичката индустрија поради поврзаноста со појава на рак. Професорот Дејвид Левис, еден од авторите на студијата вели: “Во оваа фаза не можеме да бидеме сигурни за количината на Н Нитрозамин кој се создава при реакцијата ни пак нивото на ризикот кој овие состојки го претпоставуваат, но е јасно дека постои потенцијален ризик!“

“Во интерес на безбедноста на потрошувачите, императив е да отвориме независна истрага и да го дефинираме нивото на токсичност на овие компоненти и да го одредиме конкретниот ризик“, вели Левис како заклучок.

Иако со години бојата за коса се поврзува со појавата на рак, вклучувајќи рак на градата, мочниот меур, јајниците, како и леукемија, козметичката индустрија упорно го негира ова тврдење.

Прочитај повеќе...

Забава

Што треба да јадат бремените жени?

Avatar

Објавено пред

на

Меѓу народот постои мислење дека бремените жени можат да јадат колку што сакаат и што сакаат, без да водат сметка за килограмите, од кои подоцна многу тешко се ослободуваат.

Меѓутоа, за плодот правилно да расте и да се развива, потребно е бремената жена правилно да се храни, нагласуваат нутриционистите.

Првите месеци од бременоста многу често се проследени со мачнина и повраќање, па оброците треба да бидат што помали, на пократки временски интервали. И задолжително треба да бидат задоволени енергетските потреби на плодот и мајката.

Со оглед на тоа што за својот развој плодот ги зема резервните хранливи материи од мајката, таа мора да внесе сè што е потребно. Во спротивно, бебето за својот развој ги зема материите од мајчиното ткиво, коските и забите.

Затоа, во исхраната на бремените жени во раниот стадиум се препорачуваат почести оброци, и тоа по можност на секои два часа. Пожелно е да бидат помали, без јаки мириси и зачини. Во себе треба да содржат млечни пијалаци и млечен пудинг, овошни сокови, снегулки како корнфлекс, крекери, кекс без крем. Но и тост, печурки, компир печен со кора, сушено овошје …

Задолжително треба да внесе и други хрантливи материи како што се белковините. Во првите месеци на бременоста, тие се неопходни за брзо зголемување на фетусот. Белковините се основни нутритивни материи, кои освен при недостатокот на јаглеродни хидрати и масла се користат и како извор на енергија.

Во тој смисол, најдобро е да се внесат посни меса и риба, млеко и млечни производи со низок процент на маснотии, а од јајцата белката.

Задолжително треба да се јаде свеж и сушен мешунест зеленчук, кој вклучува грав, грашок, соја и сл. Житариците и зрнестите плодови исто така треба да се најдат на нивното мени, со напомена дека сите овие намирници истовремено се богати со  железо, фосфор, јод и витамини од Б групата.

Што се однесува до јаглерохидратите, треба да јадат производи од пченкарно, јачменово и оризово брашно.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 57 минути

Направи добро дело, дарувај крв денес од 10:00ч во Црвен Крст – Кичево!

Извиднички одред Мирко Милески како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците, 22ри февруари, организира акција за донирање...

МагазинПред 9 часа

Фчерашни новости ќе формираат циркус за да им парираат на политичарите

Факт е дека веќе подолг период ниту еден циркус не гостувал во нашата држава. Можеби причината за тоа е дека...

ХороскопПред 11 час

Хороскоп за денес (21.02) петок

Oвен  Денес е поволен ден за подобрување на работите на љубовен план. Ако сте во врска, веројатно вашата врска ќе...

ВидеоПред 14 часа

(ВИДЕО) Ова болеше: Мачето на Лила Филиповска се галеше се додека…

Нашата топ ТВ дива ценетата Лила Филиповска речиси и да не очекуваше ваква работа од куќниот-љубимец. View this post on...

Здравје и убавинаПред 16 часа

Природен сок против камен на бубрег

Камењата во бубрег најчесто се состојат од калциум, а можат да бидат предизвикани од премногу сол во исхраната што стимулира...

КичевоПред 18 часа

Кривична за косовар кој со уште четири лица одзеле накит во кичевска златара

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

МакедонијаПред 23 часа

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од пратка со потекло од Колумбија наменет за Словенија

 За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од...

СлучувањаПред 23 часа

Трагедија во рудник во Прилеп, почина работник

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп. Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп,...

СпортПред 23 часа

Хуго Лорис: Не е време да бараме изговори

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, по дуелот со Лајпциг во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите (0:1),...

МакедонијаПред 23 часа

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

НАЈЧИТАНИ