Здравје и убавина
Оваа зима стоплете се со масажа со масло од сусам


Маслото од сусам ќе ве загрее и е идеално за зимски масажи.
Маслото од сусам се покажа како одличен природен лек за третирање на сите состојби на кожата, првенствено за сувата и чувствителна кожа, која е склона кон воспаление.
Ова масло е природен антиоксиданс кој го забавува стареењето и ја намалува видливоста на лузните. За разлика од кокосовото масло кое има ефект на ладење, маслото од сусам загрева и е идеално за зимски масажи.
Ја лекува иритацијата на кожата, разни неправилности и болести како што се егзема и псоријаза и помага во проблемот со ослабената микроциркулација. Овозможува побрзо заздравување на гребнатини, рани и други оштетувања на кожата и придонесува за намалување на видливоста на лузните. Маслото од сусам ги сврзува за себе токсините, па затоа е идеално за чистење на кожата и отстранување на нечистотиите од порите. Високата количина на витамин Е ги спречува предвремените брчки и стареењето на кожата. Цинкот лекува осип, акни и мозолчиња. Маслото од сусам делува антибактериски и неговата примена на кожата помага при габични и бактериски инфекции. Нанесете го маслото врз целото тело, почекајте 15 минути за да се апсорбира во кожата, а потоа може да се истуширате.
Здравје и убавина
За поздраво срце, најдобро е да вежбате подоцна наутро

Вежбањето помеѓу 8 и 11 часот е поврзано со најмал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар, покажа новото истражување на повеќе од 86.000 учесници.
Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој на коронарна срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто, пренесува порталот Medical News Today.
За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто.
Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.
„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.
„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.
Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот бил 62 години. На почетокот на истражувањето тие не боледувале од кардиоваскуларни заболувања, но во просек биле дебели.
Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори за зглобови.
Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.
Во тој период речиси 3.000 од нив развиле коронарна артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот имале најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.
„Ова е набљудувачка студија, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, рече Албалак.
„Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено доцните утрински активности, е најкорисна.
Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.
Здравје и убавина
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор

Дијабетесот не е само смртна закана за сите оболени, туку предизвикува и многубројни тешкотии. За човек да продолжи да функционира нормално, по развивањето на оваа пеколна болест, важно е да го одржува шеќерот во нормала.
Тоа е можно да се изведе со редовна и здрава храна, лекови како и традиционалната медицина која многу помага и ги олеснува непријатните симптоми.
За овој лек ви се потребни само две состојки.
Состојки:
300 гр корен од целер
6 лимони
Подготовка:
Изрендајте го исчистениот корен од целерот и ставете го во емајлирано тенџере кое не смее да биде оштетено. Во тенџерето додадете и свеж цеден сок од лимон. Затворете го добро тенџерето и ставете го во друго, поголемо тенџере со вода. Варете додека водата во долното тенџере да зоврие.
Кога ќе зоврие намалете ја температурата и на многу мала температура варете 2 часа. По варењето тргнете ги садовите од огнот и не го отворајте тенџерете додека целосно не се олади, па потоа сипете го лекот во тегла. Теглата добро затворете ја и ставете ја во фрижидер.
Употреба: Пијте по една лажица наутро на празен стомак, 30 минути пред појадокот.
Оваа количина е доволна за два месеци, по кои на многумина им се нормализира шеќерот во крвта.
Здравје и убавина
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана

Иако често мислиме дека нема да почнеме да ја губиме меморијата додека не наполниме 70 или 80 години, но тоа и докторски е едноставно не точно. Сигурно не треба да паничиме, бидејќи голем дел од нашето когнитивно здравје го одредуваат исхраната и животните навики.
Можеме да ја подобриме и меморијата на мозокот со здрав начин на живот кој вклучува редовно вежбање, доволно квалитетен сон, намалување на стресот и здрава исхрана, а овие намирници се најдобри кога станува збор за подобрување на здравјето на мозокот, како и на когнитивните способности.
Цвекло
Цвеклото е одлична намирница за подобрување на помнењето на луѓето постари од 40 години. Оваа храна е многу богата со состојки кои помагаат во спречување на предвремено стареење на мозокот и губење на меморијата со тоа што го штитат од оксидативен стрес и воспаление.
Цвеклото може да го зголеми и протокот на крв во мозокот, а подобрата циркулација на крвта значи и подобро функционирање, односно подобра меморија и подобри когнитивни способности.
Риба
Мозокот користи омега-3 масти за да изгради мозочни и нервни клетки, кои се неопходни за учење и меморија. Од таа причина, видовите риби кои се полни со омега-3 масти како лососот, пастрмката и туната се на врвот на листата на намирници корисни за функционирањето и здравјето на мозокот.
Ленено семе
Ленените семиња не само што се одличен извор на протеини и влакна, туку се одлични и за подобрување на меморијата. Лененото семе е богато со посебна омега-3 масна киселина: алфа-линоленска киселина (АЛА). Овие масни киселини во телото се претвораат во EPA и DHA: две многу важни омега-3 за здравјето на мозокот.
За да постигнете најголеми здравствени придобивки за организмот, сомелете ги семките кои потоа можете да ги користите за пр. тесто за здрави палачинки, колачи, смути…
Бадеми
Експертите истакнуваат дека здравите масти од јаткастите плодови и семките се клучот за зачувување на здравјето на мозокот и подобрување на меморијата. Бадемите се многу богати со мононезаситени масти, кои не само што помагаат во намалување на холестеролот, туку можат да ги подобрат и когнитивните функции.
Претходно, една студија во која учествуваа 480 жени покажа дека оние кои консумирале повеќе мононезаситени масти во текот на 3 години имале помал когнитивен пад.
Брокула
Брокулата е многу корисна за здравјето на мозокот и когнитивните способности, богата е со сулфорафан, кој е антиоксиданс и помага во борбата против воспалението, а откриено е дека хроничното воспаление доведува до губење на меморијата и намалување на здравјето на мозокот. Покрај тоа, брокулата е полна со влакна, што е многу важно за намалување на ризикот од одредени видови на рак, како и за одржување на здрава тежина.
Маслиново масло
Наместо путер или растително масло, посегнете по маслиново масло за зајакнување на когнитивните способности и подобрување на здравјето на мозокот. Маслиновото масло е богато со здрави масти и антиоксиданси наречени полифеноли, кои помагаат во заштитата на нашите мозочни клетки од оксидативен стрес и оштетување.
Обидете се да го користите колку што е можно кога готвите зеленчук или месо или додадете го во салата. Изненадувачки, можете да користите и маслиново масло за да подготвите фини десерти како колачи со лимон.
ФОТО: Mehran B / pexels
Извор: vesti-online.com
-
Кичево1 ден
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза1 ден
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (2 март)
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура1 ден
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија8 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“