Македонија
Студенти од втора година на „ФИНКИ“ направија анкета дали во пандемијата со „Коронавирус“ луѓето масовно пазаруваат во маркетите и пазарите

Група студенти од втора година од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство направија анкета за тоа дали луѓето масовно пазаруваат во маркетите и пазарите откако почна пандемијата со Коронавирусот.
Анкетата ги опфаќа и студентите на својот факултет.
Во оваа анкета учествуваа 60 испитаници и содржи 7 кратки прашања.
За себе велат дека идејата за оваа анкета настанала по секојдневната глетка, каде буквално насекаде низ светот луѓето купуваат огромни количини на производи и основни намирници, од кој како пример ќе ја земеме „тоалетна хартија“, без некое разумно размислување зошто баш тој продукт ни е најпотребен во оваа ситуација.
Во анкетата исто така 80% од испитаниците се на возраст од 19-23 години, а потоа следи старосната група од 13-18 години (10%) и 24-40 години (10%).
Согледавме дека повеќете што одговорија на нашата анкета се доволно информирани околку ситуацијата со Коронавирусот. Односно, 58.3% од нив знаат основни информации, 36.7% се информираат и преку странски медиуми, додека многу мал дел воопшто не се информирани.
На прашањето колку често одите да пазарувате, 65% одговорија дека одат еднаш или двапати неделно, додека мал процент од нив одат секојдневно (13%).
На прашањето дали досега сте купиле поголема количина на производи од тоа што ви е била потребна, 88% одговорија негативно. Ова претставува добар знак за разлика од тоа што слушавме како насекаде во светот се купуваат огромни количини на производи.
Тие што одгворија дека имаат купено повеќе производи од тоа што им било потребно, ги замоливме доколку сакаат да образложат ваквиот чекор. Ова се одговорите со кои се сретнавме:
– „Помалку одење во маркет, храна за подолог временски период”
– „Пандемијата е политика, треба да се функционира нормално”
– „Сум купувал поголема количина на работи, но не огромна за да нема за останатите граѓани. Против сум да се празнат маркетите без потреба, но сум за да се купува повеќе за да ти трае една недела за да се намали одењето во маркет и контакт со луѓе”
– „Моето семејство е големо, затоа сакаме да располагаме со намирници во секое време”
– „За да не се излегува секојдневно”
– „Страв дека би можел да се воведе целосен карантин”
– „Помалку излегување поради не стварање гужва”
Исто така, увидовме дека неверојатно голем процент (93.3%) од испитаниците сметаат дека масовното пазарување не е во ничија полза.
Може искрено да кажеме дека сме задоволни со одговорите од анкетата бидејќи гледаме дека колегите од факултет се совесни и знаат дека пандемијата ќе ја победиме само доколку сите ги имаме производите кои ни се потребни, а не само тие што може да си ги овозможат во најбрз временски период – на крај додаваат креаторите на анкетата.
Подготвиле: Симона Анчова, Теодора Ѓорѓиевска, Санер Вејсел и Христијан Аврамовски
Македонија
Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија

Од УХМР известуваат дека водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на река Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот на денот. Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15-20 l/m2.
Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот. Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина може да има на река Треска, река Црна, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава.
Според прогнозите можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои што можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава).
Пообилни врнежи можни се и во делови од градските средини како Тетово и западниот дел на Скопје каде што предупредуваме на внимание. Во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта, известува Центарот за управување со кризи, преку УХМР.
Извор: ЦУК
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
-
Временска прогноза2 дена
Ново ажурирање: Доаѓа екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, невообичаено за овој период од годината
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 април)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (5 април)
-
Скопје20 часа
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено
-
Скопје1 ден
МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава
-
Македонија2 дена
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија