Следете не

Кичево

Свлечиште на патот Кичево-Битола, сообраќајот по една коловозна лента

Објавено пред

на

На патниот правец Кичево – Битола  кај село Белица, поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП Македонијапат со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

АМСМ информира дека по една коловозна лента се одвива и сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец поради вода на патот.

Поради излевање на водата од Голема Река на влезот за село Долно Орашје-Тетово, во целосен прекин е патниот правец кој води од Јегуновце кон Радуша – Скопје.

Кичево

Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража

Објавено пред

на

Од пред 15 минути град Кичево, превој Стража, како и кичевските села Подвис и Лавчани останаа без електрична енергија, а с.Челопеци и регионот има нестабилна ел. енергија преку целиот ден и претходно 3-4 дена.

Според неофицијални извори станува збор за посериозен дефект поради снег.

– Вработените на ЕВН КЕЦ Кичево активно работат на терен и веруваат дека проблемот со електричната енергија ќе го санираат во најкус можен рок

За нови информации, ќе ја известиме јавноста.

* Најново инфо: Од предмалку пречките во електроснабдување на локациите се надминати.

Прочитај повеќе...

Кичево

„IQ-UP“ Кичево и нивните дечиња во петок организираат хуманитарна новогодишна работилница, сите заедно да допринесеме и да помогнеме каде е најпотребно!

Објавено пред

на

🎄✨ Драги пријатели, со големо задоволство ви најавуваме новогодишна хуманитарна работилница која ќе се одржи на 27.12.2024г (петок) од 18:00 до 19:30ч во IQ UP! Училишниот центар – Кичево. Во време кога магијата на празниците е присутна, а добрината треба да биде во центарот на нашето внимание, ние ќе се собереме за да создадеме нешто прекрасно за нашата заедница.

💫 Што можете да очекувате? 💫

– Уметнички и креативни активности: ќе правиме новогодишни честитки со елка што светнува, добро познатите што веќе сме ги правеле IQUP! природни сапунчиња направени со природни состојки ( мед, кокосово масло.. етерични масла..)
– Задоволство од заедничкото работење: секој од нас може да додаде свој уникатен печат на празничниот дух!

Целите на работилницата се од хуманитарен карактер бидејќи во ова време од годината, важно е да потсетуваме на значењето на љубовта, споделувањето и хуманоста.

🌟 Дојдете да се дружиме и направиме нешто убаво за другите! 🌟

🎄✨Вашето присуство и учество ќе направат разлика! Со колективен труд, можеме да донесеме светлина во животи на оние што на тоа им е најпотребно. Кога работиме заедно, создадеме не само убава атмосфера, туку и водиме кон подобра иднина. 🔔

Изработките од вредните рачиња на дечињата можат дополнително да се купат и со тоа повеќе да допринесеме во нивната хуманитарна мисија!

Цената ќе биде симболична и со попуст и ќе изнесува 200 денари. Регистрација преку тел бр. 071/777-939 или информирајте се на официјалните профили на социјалните мрежи фејсбук: IQ-UP – Кичево – ТУКА и инстаграм IQ-UP – ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите

Објавено пред

на

Градежна механизација и оператива на изведувачот ГД „Гранит“ – АД Скопје во текот на утрешниот ден (петок) 20.12.2024 во временски период од 10:00-13:00ч во делот на девијацијата кај месноста „Крушино“ и пат до с.Кнежино кичевско, ќе врши градежни активности – асфалтирање во делот на спојот на стариот со новиот поставен асфалт.

За таа цел се упатува молба до сите граѓани кои транзитираат до с.Кнежино, „Крушино“ или „Куќа на Уметноста“, односно кои ја користат оваа локална делница да имаат разбирање и трпение додека завршат активностите околу предвидените градежни работи кои според информациите ќе траат половина час, информираат од месната заедница на с.Кнежино преку своето електронско гласило knezino.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за сабота (28 декември)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Технологија20 часа

Гигантот „Apple“ се приближува до вредноста од 4 трилиони долари

Пазарната вредност на Apple се приближува до бројката од 4 трилиони долари. Според најновото пазарно вреднување, Apple се приближува до...

Социјални мрежи20 часа

„TikTok“ се соочува пред забрана во САД доколку „ByteDance“ не ја продаде мрежата до јануари 2025 година

Американскиот Конгрес во април усвои закон со кој се бара ByteDance, кинескиот сопственик на TikTok, да ја продаде популарната апликација...

Временска прогноза1 ден

Ведро и студено за Новогодишната ноќ, еве какво време ќе имаме деновиве

За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (27 декември)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

Македонија2 дена

МВР истакна нова дигитална услуга, ќе може да се издава уверение за државјанство онлајн, односно преку националниот портал за „услуги/uslugi“

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку...

Lifestyle2 дена

Една недела вода со лимон: Придобивките што не ги очекувавте

Докторката Патриша Варакало од порталот Thehealthy.com одлучила да направи експеримент и да пие вода со лимон секој ден една недела....

Култура2 дена

Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Божиќните празници се идеално време за уживање во омилените филмски класици. Дури и ако сме ги гледале десетици пати, тие...

Lifestyle2 дена

Чаеви што го олеснуваат дишењето и ја зголемуваат виталноста

Неколку видови чаеви можат да го олеснат дишењето и да ги заштитат белите дробови од штетните ефекти на загадувањето. Овие...

Lifestyle2 дена

Кога е премногу ладно за прошетка со кучето?

Со доаѓањето на студените зимски денови, сопствениците на кучиња често се прашуваат колку ниски температури можат да издржат нивните крзнени...

НАЈЧИТАНИ