Кичево
Поплавени 50 куќи во Кичево поради обилните дождови

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информира дека како резултат на поројниот дожд, во Кичево дошло до излевање на реката Темница, при што биле поплавени околу 50 куќи на улицата „Прилепска“.Во текот на ноќта биле евакуирани една жена и едно дете, а за настанатата сосотојба известени биле сите надлежни институции.
Врнежите од дожд кои беа најинтензивни во последните 24 часа, предизвикаа излевање на реката Треска во регионот од селата Челопеци, Атишта, Лисичани и Пласница и поплавени се над 500 хектари ораници и ливади. Количините на вода беа толку големи што од 1982 година не сме имале прилика да ја видиме Треска толку полноводна. Исто така поплавен е патот за село Лисичани, така што во еден негов дел сообраќајот не може да се одвива, бидејќи водениот талог е многу висок. Исто така и селското училиште е опколено со големи количества на вода, но сепак поплавата не ја зафати и самата училишна зграда. За среќа врнежите од дожд престанаа и треба да очекуваме наскоро Треска да почне да се повлекува, а направени штети допрва да се утврдуваат – информира претседателот на МЗ Лисичани, Кемаил Сами.
Како што дознава нашиот портал поплавени се делови од долниот дел на населба Карпош или потточно “Кај Марвената”, делови од “Ужичка”, индустриската зона и делови од населба “Иванидол” итн…
Дел текст: Зоран Антоски
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп4 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин2 дена
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво