Кичево
(ФОТО) Поплавен и стадионот на Кичевски „Влазрими“

Интензивните врнежи од дожд кои го зафатија кичевскиот регион во изминатите 24 часа, ги преполнија речните корита, што предизвика излевање на повеќето водотеци во овој регион, а поплавија и 50 куќи.
Се излеаја реките Треска, Зајашка Река, Беличка Река и некои помали водотеци, а при овие излевања поплавени се над 500 хектари ораници и ливади.
– Поплавени се околу 50 куќи, претежно во источниот дел од градот во близина на Зајашка Река, информираат од ЦУК во Кичево.
Поплавен е и стадионот на фудбалскиот клуб Влазериме, кој е во близина на Зајашка Река, каде теренот е пола метер под вода.
Врнежите во попладневните часови престанаа и се очекува водата да се повлече во речните корита.
/Nezavisen.mk
Кичево
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4. пешадиски баталјон (4.пб), од 1 пешадиска бригада (1.пбр) традиционално го одбележаа 21-ви мај, Денот на Единицата.
Во текот на свеченоста со пригодни говори и честитање на празникот, се обратија командантот на 4.пб потполковник Горан Трајаноски и командантот на 1.пбр полковник Сашо Лафчиски.
Во своите говори се навратија на јубилејните 30 години од формирањето на Армијата, историјата на единицата, ангажирањето во изминатиот период, сегашните ангажирања и активностите кои претстојат.
На оваа свеченост прогласен беше најдобар вод, од составот на баталјонот и доделени беа стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна во изминатиот период.
Одбележувањето заврши со реализиција на тактичко техничкиот збор (ТТ-збор) во неколку работни точки, на кој учесниците од основните и средните училишта како и останатите присутни гости, со разгледување имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.
Денот на Единицата беше исто така збогатен и со неколкуминутна програма на играорците од КУД „Бисер“ од Кичево.
На денот на Единицата во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија, се реализираше крводарителна акција со која што персоналот доброволно даруваше крв, дарувани беа 51 единица на крв.
На денот на единицата присуствуваше началникот на штаб на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1.пбр полковник Сашо Лифчиски, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на единицата, претставници од државната управа, јавните установи и служби, преставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
На официјалната покана Порта.мк беа гости, така што преку фотографија ви го пренесуваме овој традиционален настан!
Нека е честит и вековит 21-ви мај!
Не е дозволено никакво превземање на фотографии без договор со уредникот, со почит.
Кичево
Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor).
Забавата продолжува и оваа сабота, 28.05.2022. со Laura Krliu & Diamond Balazhi, Оливер Стојкоски (Drums), Кико Јапер (Bass). Република 96250 ве поканува на одлична забава, почеток 21:30 часот.
Кичево
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар

На 19.05.2022 околу 15:50 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј, кај крстосница од селата Црвевци со Гарани, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.К. (42) од село Туин, кичевско, удрило во пешак В.Ш.(39) од село Стрелци, кичевско.
Во несреќата со повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.
Увид на местото изврши екипа од ОВР Кичево, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Македонија12 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Култура1 ден
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Кичево7 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Автомобили1 ден
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Магазин1 ден
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7
-
Магазин1 ден
Netflix ги проширува своите функции