Следете не

Скопје

Тони Зен во КПД „Идризово“ (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Македонските рапери приредија хип-хоп забава за затворениците во Казнено поправниот дом Идризово. Осудениците играле на музиката на хип-хоп артистите – Пука Козметика, Фатос Бомба, Огнен битбокс и Тони Зен.

Музичкиот настан е дел од културно-забавниот живот во КПУ „Идризово“ и од процесот на ресоцијализација во установата.

Просторот меѓу ќелиите бил искористен за несекојдневна забава на затворениците.

Реализиран е со цел да се олесни процесот на ресоцијализација на осудените лица преку активности со кои може најквалитетно да се допре до нив. На него присуствувале околу 70 осудени лица.

Организиран е од членови на Хип Хоп Македонија, Здружението на пенална и постпенална помош на осудените лица и социјалната адаптација, рехабилитација и реинтеграција на ранливите групи „Просоцијал“ од Скопје, во соработка со КПУ „Идризиво“.

Извор: Слободен Печат

Скопје

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

Објавено пред

на

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе...

Скопје

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Објавено пред

на

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025  околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.

Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, за јавноста велат од МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Утрово посебен сообраќаен режим на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, поради извлекување на претходно излетано товарно возило од патот

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утрово (28.03.2025) во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило.

Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот ќе се одвива наизменично само за патнички моторни возила.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (29 март)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт5 часа

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од...

Скопје11 часа

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

Македонија11 часа

Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети...

Македонија11 часа

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради...

Магазин11 часа

„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј

„Евротип“ компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од „КС Групацијата“ започна со доделување на...

Кичево15 часа

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска...

Спорт16 часа

Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност...

Скопје17 часа

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025  околу 21.50 часот во...

Македонија18 часа

Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред

Претстојниот викенд започнува летното сметање на времето во сите евромски земји и кај нас. Тоа значи дека стрелките на часовникот...

НАЈЧИТАНИ