Култура
Дрљача ја открива тајната која ја крие „Игри без граници“ од Тоше Проески
Песната „Игри без граници“ која ја отпеа Тоше Проески некако пророчки делуваше и беше прифатена од страна на неговите милиони обожаватели на Балканот како своевидна биографска композиција непосредно поврзана со животот на Тоше.
Многумина се обидуваа да ги одгатнат скриените пораки во неа, верувајќи дека го опишува животот на пејачот. Сепак, вистината е малку поинаква и не толку романтична и драматична. Факт е дека таа песна воопшто не била наменета за Проески.
„Тоа е песна што ја напишав пред да го запознаам Проески. Една или две години пред да ја отпее Тоше, се сретнав со продуцентот Никша Братош, кој соработуваше со Тоше, и му реков дека имам песна што не сакам да ја дадам на никого, туку сакам да ја отпеам сам, дури и да ја упропастам, но бесплатно да ми помогне да ја средам. Ме праша како се вика, му реков Игри без граници и тој веднаш се согласи“ – раскажува авторот на фамозната песна, Мирослав Дрљача Рус.
„По некое време, додека заедно се возевме со автомобил, Тоше почна да пребарува по моите цедиња барајќи песни за кои слушнал дека не сакам да ги давам на други и првата што ја најде беше Игри без граници. Тоа беше крај. Рече дека тоа е песна за него и воопшто да не сонувам за тоа да ја пее некој друг“ – додава Рус.
Кога стигнале во студиото со таа песна, многумина зборуваа дека таа песна е тешка за него и дека е сė уште премлад.
„Кога ја отпеа песната сите беа воодушевени. Ја отпеа од прва и потоа ме повлече на страна, загрижен за тоа како звучел. Му реков дека ја отпеал подобро отколку што јас ја напишав“ – се потсетува Рус.
Култура
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
Култура
БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.
Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.
Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.
И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.
Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.
Култура
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.
Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!
Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.
На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.
Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.
За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.
Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.
-
Хроника7 часа
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин1 ден
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (29 јануари)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Култура17 часа
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза22 часа
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Спорт2 дена
Елиф Елмас, Македонскиот фудбалски „дијамант“ се сели во Торино?