Музика
ПОЧИНА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ДИЏЕЈ: 28-годишниот Авичи пронајден мртов во својот дом!

Почина еден од најпознатите музчики продуценти и диџеи Тим Берглинг познат како Авичи.
Смртта за 28- годишниот Авичи ја соопшти неговиот издавач.
Издавачот Диана Барон објави дека Авичи бил пронајден мртов, а семејството е потресено и бара да се почитува приватноста.
Тим Берглинг професионално познат како Авичи (Avicii), е шведски DJ и музучки продуцент.
Авичи во 2011-та година беше рангиран на 6 место на топ 100 листата, за да таа позиција во 2012 ја замени со бр. 3.
Тим Берглинг беше роден на 8 Септември 1989 во Стокхолм, Шведска. Тој започнал со правење на ремикси, и создавање на свои сопствени траки на возраст од 18 години во својата соба.
Неговите пријатели го убедиле да ја постави неговата работа на разни блогови на интернет, што доведе до стекнување на голема популарност меѓу публиката и поддршка од продуцентот и ДЈ Тиесто кој го покани на еднонеделен престој во најголемиот ноќен клуб Privilege, во Ибица.
Исто така, тој доби поддршка и од Пит Тонг кој издаде неговиот прв сингл Manman. Во Мај 2008 година, Авичи потпиша договор со Аt Night менаџмент.
Тој имаше хитови кои се искачија високо на топ-листите.
Веќе почна видео реализација за негово сеќавање, која може да се следи ТУКА
Почивај во мир легендо!
Музика
Денес ќе се одржи „Аудиција“ за прием на нови членови за црковна музика и изучување на византиско пеење при „Митрополит Козма Пречистански“

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека денес 23.09.2023 год (сабота), со почеток во 17:00ч во Малата сала на ЦК НУ „Кочо Рацин“, ќе се одржи „АУДИЦИЈА“ за прием на нови членови за изучување на византиското пеење и нашата традиционална музика, како и за спознавање на нашата христијанска вера.
Од заинтересираните кандидати потребна ќе биде изведба на народна песна по свој личен избор.
Сите заинтересирани за упис, повеќе информации и детали ќе најдат со доаѓање во црквата на самиот ден предвиден за новите членови.
Ова е и официјална страница на хорот ТУКА
Музика
Уште една прва награда за Спасен Сиљаноски овој пат за „Фолк Хит 2023“

Нашиот кичевчанец, фолк ѕвездата Спасен Сиљаноски со својот мегапопуларен хит број 1 се закити со престижната награда „1 место за Фолк Хит на годината“ на официјалниот Фестивал „Фолк Хит 2023“
Организатори на овој настан беа „Шанел Топ Моделс“, додека за Фолк Хит учествуваа вкупно 22 изведувачи со нивните композиции.
Претходно исто така наградата за најпопуларен пејач за 2023 припадна во рацете на кичевчанецот кој пред нашиот медиум не го криеше своето задоволство, најавувајќи уште многу работа, големи хитови заедно со неговиот оркестар „Престиж“ кој се несомнено најдобриот музички состав под палката на Сиљаноски.
Култура
Кичевскиот бенд „Inner Hate“ со прв видео запис за песната „Vengeance will be mine“

Новиот сингл на кичевскиот метал бенд „Inner Hate“ е „Vengeance will be mine“.
Моќен риф, енергичен ритам и мрачен вокал склопени во композиција која е олицетворение на духот на денешното општество.
Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, доброто и лошото.
Синглот „Vengeance will be mine“ е во авторство на членовите од бендот: Горан Трајкоски (вокал и ритам гитара), Горазд Радески (гитара), Христијан Војнески (бас) Оливер Стојкоски (тапани).
Миксот и продукцијата на оваа композиција се на Христијан Ѓорѓиевски, а видео записот е дело на Montparnasse.
Inner Hate за кратко време ќе го издадат својот прв албум со наслов „Worthless throne“.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза9 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Хороскоп35 минути
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје2 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември