Следете не

Култура

Слушнете го новиот летен хит на Tyzee – „Параноја“ (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Македонскиот пејач Тајзи, периодов направи нешто на кое би му подзавиделе и светските ѕвезди- во само две недели промовираше три нови песни: „Мој живот, моја ствар“, дуетот со Викторија Лоба, „Каде сме ние“, а денеска ја промовира и најновата тема „Параноја“ која излезе на каналот на „Балкатон“ продукција од Србија.

Се работи за песна на македонски јазик и е вистински летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска. Во иднина Тајзи најавува уште соработки со продуценти од Шведска, бидејќи моментално тие се едни од најактуелните на светската музичка сцена.

Мастерот е на Роберт Билбилов, со кој Драган Величковски Тајзи веќе најави повеќе проекти, како и песна на англиски. Видеото е во режија на Тајзи и Илија Жоговски, а спотот е снимен на Кокино, Мермерно езеро, како и уште неколку локации низ Македонија.

Култура

Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

Објавено пред

на

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Објавено пред

на

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.

Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.

Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.

„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !

Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.

На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…

За многу години!

Бог се јави!
Навистина се јави!

Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:

Прочитај повеќе...

Култура

БОГ СЕ ЈАВИ! За многу години „Богојавление Водици“

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан н ? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна.

И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили40 минути

Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи

Во Македонија сè уште не полетале електричните автомобили. Одвреме-навреме на нашите патишта можете да видите хибрид или автомобил Тесла, но...

Магазин45 минути

Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android

Дали често ви се случува апликациите да „паѓаат“? Не сте единствените, па дури има и листа на најлоши апликации кога...

Lifestyle55 минути

12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!

Одбивањето да се прифати одговорноста и агресијата кон критиките се само дел од показателите за незрело однесување. Луѓето се различни...

Видео1 час

Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати

со некои животни веднаш се поврзуваме, штом ги видиме за прв пат, додека со други тоа е долготраен процес. Но,...

Магазин1 час

Reed Hastings се повлекува од функцијата ко-извршен директор на Netflix

Ко-креаторот на Netflix Reed Hastings се повлекува од функцијата ко-извршен директор на компанијата. Промената веќе стапи на сила, а Hastings...

Магазин1 час

Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво

Според податоците од независните агенции за истражување на пазарот, рестриктивните мерки за време на пандемијата и економската криза влијаеле на...

На денешен ден11 часа

30 јануари – На денешен ден

1648.- Со потпишувањето на Минстерскиот договор заврши осумгодишната војна меѓу Шпанија и Обединетите покраини на Холандија (Холандија). Во октомври истата...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за понеделник (30 јануари)

ОВЕН Денот е идеален за волонтирање но и за промовирање на вашите способности. Брзо ќе се поврзете со интересни луѓе...

Автомобили16 часа

Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…

Новото истражување открива кои компании произведуваат најсигурни автомобили, како и кои модели на автомобили се издвојуваат во овој поглед. Сосема...

Гејминг19 часа

Нова тура бесплатни игри на Epic Games до 2 февруари и тоа: „Adios“ и „Hell is Others“

Ако сакате предизвици, овонеделните бесплатни игри на Epic Games ќе ве направат особено среќни. Hell is Others е „екстракционен PVPVE“...

НАЈЧИТАНИ