Случувања
ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Еден полицаец загина, друг се бори за живот, повредени и други лица

Полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника по хорор сцена која синоќа се случила во Куманово, дознава КУРИР.
45 минути после полноќ, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишен полицаец В.Ц. и А.М. кој е 25-годишен кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава КУРИР.
С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).
Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.
С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор: Курир.mk
Временска прогноза
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.
Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките и планинските места, така и во делови од градовите.
На Метеоролошката карта можете да погледнете колку снег се очекува да наврне во текот на веќе споменатиот и најавен многу ладен бран од Сибир. Може да се види дека најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.
Исто така на вторава Метеоролошка карта може да се види дека од сабота па во текот на следната седмица очекуваме и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места и до, па и под -10 степени.
– Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија8 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија10 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома