Францускиот пилот во Формула 2, Антоан Хуберт го загуби својот живот по катастрофалниот судир на денешната трка на легендарната патека СПА Франкошамп.

22 годишниот Французин се заби во заштитната ограда, а потоа на него налета колумбискиот возач Хуан Мануел Кореа со брзина од 275 км/ч.

Хуберт веднаш бил префрлен во медицинскиот центар на патеката, каде во 18:35 часот по локално време, како што потврдија од ФИА им подлегнал на повредите.

Кореа пак е во стабилна состојба, но детали за неговите повреди се уште нема. Трката по несреќата беше стопирана, а потоа и откажана, со што стана јасно дека состојбата на Хуберт е загрижувачка.