Следете не

Спорт

За големата награда на Бахреин, Формула 1 без публика поради Коронавирусот

Објавено пред

на

Трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин ќе биде одржана без публика, поради опаснocт од шиpeње на kopонавирусот, соопштија организаторите.

Како што пренесува „Ројтерс“, во соопштението на организаторите пишува дека за ваков чекор се решиле поради масовното ширење на смртоноcnиот виpyс ширум светот, а со тоа би ги заштитиле и навивачите и самите натпреварувачи.

„Во договор со повеќе организации кои се гpижaт за здравјето на луѓето донесовме одлука трката да се одржи без публика. Безбеднocта на фановите ни е на првото место“, меѓу другото се вели во соопштението.

Сезоната во Формула 1 започнува следната недела со трката за Големата награда на Австралија, додека тpkата во Бахреин е зakaжана за на 22 март.

Поради епидемиjaта на kopонавирусот во поголемиот дел од Европа, веќе подолг период се игра без публика, а во Италија поголем дел од натпpeварите се одложуваат, а две седмици пред пpaзни трибини се игра и во Македонија.

Спорт

Адеми ќе биде надвор од терените подолг период со посложена рехабилитација, сепак се работи за тешка повреда

Објавено пред

на

Нашиот македонски репрезентативец Аријан Адеми ќе паузира околу два месеци поради повреда што ја заработи на натпреварот помеѓу Македонија и Германија кој заврши со исход од (0:4) во квалификациите за СП.

Имено на натпреварот против Германија, играчот на Челзи Каи Хаверц лошо нагази врз ногата на Адеми, така што поради сериозноста тој мораше да ја напушти играта, додека деталните прегледи ги направи во Загреб, по што беше утврдено дека ќе има подолга пауза. Како што дознаваме хрватски „Индекс“ – Адеми се здобил со тешка повреда на скочниот зглоб, која бара посложена рехабилитација и тешко е да се очекува да се врати пред зимскиот распуст.

Инаку Динамо ќе ги одигра последните два натпревари во 2021 година на 15 декември против Истра и три дена подоцна против Драговоjац, дури и ако дотогаш се опорави, речиси сигурно нема да биде принуден на тие натпревари.

Доколку не се случи чудесно закрепнување, што е малку веројатно, Динамо ќе остане без Адеми на сите натпревари од групите во Лига Европа (Рапид, Вест Хем, Генк). Адеми треба да ги пропушти и дербито со Риека во сабота, Осиек (20 ноември) и Хајдук, кои ќе играат на Максимир на 4 декември.

Ова е втора тешка повреда на капитенот на Динамо оваа сезона. Во јули, тој се здоби со повреда на мускулот на десната нога на натпреварот против Омонија, поради што пропушти десет натпревари и токму кога почна да се враќа во форма, се повреди на натпреварот со репрезентацијата.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Максимов 2 минути по влегување од клупата постигна гол за голема победа против Ерменија и конечен резултат 1:2

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 21 година славеше победа од 1:2 против Ерменија во Ереван, во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023.

Тешко издвојувана победа и важни три бода за тимот на селекторот Драги Канатларовски.

Нашите избраници одлично го отворија натпреварот и со силно темпо и пресинг ѝ создадоа многу проблеми на домашната одбрана. Македонија заслужено дојде до предност од 1:0 во 23. минута, одличниот центаршут на Антовски го искористи Ѓорѓиевски кој постигна прекрасен гол со глава. Ѓорѓиевски се најде во уште една одлична можност, но овој пат домашниот голман добро интервенираше.

Во продолжението, Македонија продолжи со офанзивна игра. Рустемовски имаше одлична можност да погоди, но немаше среќа. Македонија преку Максимов успеа да поведе со 2:0 во 82. минута. Домаќините до крајот на натпреварот успеа само да го ублажат поразот преку Григорјан.

Македонија: Денковски, Младеновски, Манев, Шеји, Хајдари (Ѓурковски), Воша (Скендери), Адем, Гроздановски, Антовски (Максимов), Рустемовски (Станковски), Ѓорѓиевски (Илиевски); 

Честитки момци!

Решавачкиот гол, може да го погледнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВО ЖИВО) Проследете ја Македонија vs Ерменија до 21 година со почеток од 16 часот

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 21 година од 16:00 часот по наше време, денеска против Ерменија го игра натпреварот од 4. коло од квалификациите за ЕП 2023.

Натпреварот може да го проследите тука во живо од Ереван

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

АвтомобилиПред 10 минути

На денешен ден започна да се произведува легендарнато „Фиќо“ (ВИДЕО)

На 18 октомври 1955 година, првиот од 923.487 автомобили „Застава 750“ излезе од фабричката линија на фабриката „Застава“ во Крагуевац....

МагазинПред 19 минути

Претставен OnePlus Watch Harry Potter Edition

OnePlus Watch Harry Potter Edition беше официјално претставен, три месеци пред дваесетгодишнината од објавувањето на првиот филм за Хари Потер....

МагазинПред 4 часа

Прелистувањето на интернет на мобилни уреди никогаш не било полесно и поточно

Се проценува дека новиот начин на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе го зголеми просечно бројот на прегледани страници. Google...

МагазинПред 4 часа

Зошто Netflix влегува во сферата на видео игрите?

Netflix ги избра видео игрите како едно од своите најважни деловни потфати. Netflix gaming Netflix почнува да произведува видео игри,...

Временска прогнозаПред 5 часа

Уште денес променливо облачно, од утре сонце и стабилизација

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Особено во...

ХороскопПред 16 часа

Денешен Хороскоп (18 октомври) понеделник

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

МакедонијаПред 23 часа

Ова се денешните Ковид бројки по градови

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 178...

МакедонијаПред 1 ден

Утрово земјотрес детектиран во северозападниот дел на Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка скала, утрово околу 7.23 часот беше почуствуван во Маврово и околината....

Здравје и убавинаПред 1 ден

Десет намирници за спас од болки за вашето грло

Болката во грлото е чест и непријатен здравствен проблем во постудените денови. Најчестите причини се вируси или бактерии, но иритациите...

Временска прогнозаПред 1 ден

Облачно уште денес, од утре повеќе сончеви периоди и покачување на дневните температури – Ова се деталите..

Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер...

НАЈЧИТАНИ