Следете не

Свет

Три жртви од Корона вирусот во Италија

Avatar

Објавено пред

на

Починаа тројца од повеќе од над 100-ина заразени со коронавирусот во Италија. Рим наметнува невидени мерки. За да се контролира најголемото огниште во Европа, беше воведена целосна блокада на голем број градови во северниот дел на земјата во областа на Милано.

Премиерот Џузепе Конте најави план за итни случаи за справување со болеста.

Во  областите е забранет влез и излез од карантините. Сите училишта се затворени, откажани се спортски настани. Премиерот Џузепе Конте објави план за итни случаи. „Во моментов не постои предуслов да се побара замрзнување на Шенгенскиот договор и да се запре слободното движење на луѓето“, коментира премиерот Конте.

Сепак, беше објавено дека полицијата и вооружените сили ќе ги користат сите свои овластувања кога тоа ќе биде потребно.

На околу 50 000 луѓе во неколку градови им е наредено да не ги напуштат своите домови. Жителите се редат пред локалните супермаркети за да ги набават најважните производи. Продавниците, сепак, останаа затворени, при што полицијата објасни дека ќе започнат со прифаќање на клиенти само откако ќе бидат преземени мерки за безбедност на персоналот. „Блокадата е добар начин да се запре ширењето на вирусот. Всушност, сè е веќе затворено. Сите болници и јавни места се затворени“, рече Пјеро, жител на Касалпустерлиенго.

Поради инфекција со коронавирус, карневалот во Венеција беше прекинат. Познатиот дизајнер Џорџо Армани најави дека неговата нова колекција ќе биде претставена во Милано, но без публика.

/mtm

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Свет

(ВИДЕО) Автобус полн со патници скокна преку мост и заврши во езеро, најмалку 20 загинати, камерите го снимија страшниот момент

Avatar

Објавено пред

на

Најмалку 20 лица загинаа откако автобус излета од автопат и падна во вештачко езеро во Аншун на југозападот на Кина, како што дознаваат нивните медиуми екипите сеуште ги спасуваат беспомошните тела, за сега 36 лица се примени во локалната болница.

Сигурносните камери го снимиле моментот кој јасно кажува дека автобусот со поголема брзина свртува на лево:

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Свет

Позитив на денот: Абел Мутаи трчаше на маратон прв, но збунет од сигнализација престана да трча мислејќи дека трката е завршена, противникот зад него му кажа…

Avatar

Објавено пред

на

На оваа слика, Абел Мутаи, член на кениската репрезентација, беше на само неколку метри пред целта, но тој беше збунет од сигнализацијата и престана мислејќи дека трката е завршена.
Сепак, натпреварувачот на шпанската репрезентација, Иван Фернандез, трчаше веднаш зад него и кога сфати што се случува, тој започна да вика кон кенискиот спортист за да продолжи да трча. Бидејќи Мутаи не го разбираше шпанскиот, овој млад Шпанец го турна напред да ја пробие целта прв.

Новинарите се приближиле и еден го прашал Иван: „Зошто го стори тоа? Зошто му дозволи да победи? “ Иван одговори: „Не му дозволив да победи, тој сигурно ќе победеше“.
Новинарот инсистираше на тоа: „Но, можеше да бидете победник !“ Атлетичарот на шпанската репрезентација го погледна и одговори: „Но, каква ќе биде славата во таа победа? Што би било чесно во мојата победа? Што би мислила мајка ми? “

Ова е прекрасен пример за тоа како да ги научиме децата да бидат луѓе и да победуваат во животот.

Искрено. Човечки. И… спортски до крај!!! 

Превземено од Изабела Ангелова (фејсбук)

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Свет

Опасноста демне со оваа навика: Еве зошто не треба да се носи маската за заштита од Корона вирус на рацете

Avatar

Објавено пред

на

Во последно време, честопати можеме да видиме дека луѓето на улиците носат маска на нивните подлактици, со тоа што делот што е за страната на лицето, им е е залепен на раката, а потоа по кратко време повторно го ставаме назад, пишува Курир.рс.

„Опасно е да се стори тоа со самата логика на нештата“, вели истакнатиот српски виролог, д-р Ана Глигиќ.

Таа експлицитно тврди: „Откако ќе се отстрани маската, не смее да се става повторно. Ако тоа се стори, вирусот без капки има отворен пат до нас. Маската не смее да се зема двапати без стерилизација, вриење или пеглање“, вели д-р Глигиќ.

Таа забележува дека рацете мора да се мијат пред употреба на маски.

„Маските се порозни на вирусот, бидејќи неговите честички се многу помали од честичките на материјалот од кој е направена маската, што всушност нè штити од пренесување на капки на вирусот, т.е. кашлање или кивање“.

Кога маската се носи на подлактицата, таа може да дојде во контакт со честички од разни бактерии и вируси, не само со вирусот корона, а исто така може да стапат во контакт со пот, што ја нарушува ефикасноста на овој заштитен агент. Некои луѓе, откако ќе ја тргнат маската, ја ставаат во ќесе, џеб или торба, а потоа повторно ја користат без дезинфекција, веројатно водени од фактот дека тие само ја користат, и дека личните предмети што ги користи не се ризични.
Д-р Глигиќ, која беше раководител на лабораторијата во времето на епидемијата на сипаници, во Белград во 1972 година, посочува дека употребата на ракавици е позитивна не само затоа што нè штитат од вируси, туку и затоа што со нив ни е потешко да го допираме лицето отколку што тоа го правиме со голи раце.
Фактор.мк

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 6 часа

Денес 135 новозаболени од Корона од кои 3 лица од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19. – Скопје 76 –...

СпортПред 8 часа

Шампионот Иџе сепак нема да учествува за големата награда на Италија и покрај сите превземени работи нашиот влез е забранет!

Шампионот Иџе: Направивме се’. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам...

ЗанимливостиПред 22 часа

(ФОТО) Го пратила сопругот на пазар, а списокот кој му го составила што да земе го насмеа цел балкан

Имено, една жена го пратила својот сопруг на пазар, па му составила список во кој детално му објаснила што да...

ХороскопПред 23 часа

Денешен Хороскоп (14.07) вторник

ОВЕН Денес ви претстои мала нестабилност во вашата финансиска состојба. Бидете подготвени да се соочите рационално со оваа промена и...

МакедонијаПред 1 ден

Ковид-19: 8 нови случаи од Кичево, додека останатите 80 од други градови

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30 -Куманово...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес (13.07) понеделник

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

МакедонијаПред 2 дена

Денес 136 нови случаи на Ковид-19, кичевчани 4 меѓу нив..

Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 46 -Куманово...

СкопјеПред 3 дена

Акциска на СВР Скопје за диви тркачи со мотори, има и приведени

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

МакедонијаПред 3 дена

Времена забрана во двата правци према Охрид утре, поради пробивање на автопатот Кичево-Охрид

Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата...

МакедонијаПред 3 дена

Денес е големиот празник „Петровден“, додека утре е „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Утре е Петровден, а во понеделник Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи...

НАЈЧИТАНИ