Случувања
Следува нов спектакл: УФЦ измисли нов борец кој ќе го сруши Хабиб
Иако неодамна стана светски шампион, Хабиб Нурмагомедов им стана трн во окото на сите во УФЦ.
Челниците навиваа за Мекгрегор затоа што им требаше екстровертен борец кој постојано прави скандали и може да заработува надвор од октагонот. Веројатно поради тоа УФЦ измисли нов борец кој наскоро ќе му се спротивстави на Хабиб.
Станува збор за Бен Аскрен, некогаше првак во Белатор и ОНЕ ФЦ, Американец со серија од 18 победи и без пораз во професионалната кариера. Аскрен во првата борба ќе се бори против Деметриус Џонсон, но негова желба е Хабиб.
Единствен проблем е разликата во килограмите бидејќи Нурмагомедов се бори до 70 килограми, а Аксрен има околу 84.
Sportclub.mk
Кичево
(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево чесниот Крст, Бог сакал по трет пат да го пронајде најсреќниот Алек Хлоупек
Денеска во Кичево на свечениот настан по повод Богојавление Водици трет пат по ред најсреќен беше Алек Хлоупек (26) кој го извади светиот Крст од осветените води. На овој настан учествуваа вкупно 41 учесници. На барање на организацијата овој пат за прв пат поради капацитет на вода во градскиот базен, учесниците го бараа Светиот Крст на поинаков начин.
– Прекрасно е чувството да се биде дел од оваа манифестација, учествувам повеќе години, но Господ ме избра мене повторно по трет пат по ред светиот Крст дојде до моите раце. Останува да го кажам она што го кажував и порано. Очекувам во иднина многу повеќе пред се млади луѓе да земат свое учество бидејќи ова за мене а верувам и за сите е најблагородна работа која може човек да си ја дозволи, Водици за мене е најголемо духовно исполнение.
– Исто така ја користам оваа прилика да истакнам дека Господова 2026-та година здравје ќе паузирам, мислам дека е доволно Слава му на Бога!
– Бог се јави, да сте ми живи и здрави, за Порта.мк истакна младиот Хлоупек.
Кичевското свештенство од Кичевската Парохија му подарија рачно изработена икона од Св.Јован Крстител, Кумовите фам. Маневи, генералниот спонзор „Зегин“ и оваа година го даруваа Хлоупек со паричен ваучер и скромни поклони, посакувајќи му многу здравје, среќа, љубов и бериќет.
Во продолжение ексклузивно погледнете ги видео записите, како и фотографиите од Кичево, каде оваа година имаше рекорден број посетители.
Бог се јави, Навистина се јави!
За многу години!
Оваа прилика нашиот медиум упатува посебна благодарност до медицинската екипа на „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, како и за Полициските службеници од ОВР Кичево за беспрекорната соработка за овој голем ден.
Галерија од кичевската манифестација преку нашиот објектив:
Македонија
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
По повод големиот христијански празник Богојавление, со посебна чест за охриѓани овој пат Крстот ќе биде положен од страна на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој администрира со Дебарско-кичевската епархија после упокојувањето на владиката Тимотеј.
– Како што наведува изворот, се очекуваше од охриѓани да не ја пропуштат шансата да ја искажат својата радост за Неговото доаѓање, и ја пресретнаа добрината Негова со транспаренти во кои ги пренесоја своите желби на Архиепископот Стефан, за поставување на епископот Антаниски г. Партениј за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Тие мирно и достоинствено ја изразија својата верба во вистинската татковска одлука на Архиепископот Стефан и отворено ја изразија својата поддршка за владиката Партениј, барајќи го да биде поставен за Митрополит на местото на дедо Тимотеј.
За многу години!
Извор: ohridnet.com
Македонија
Полициски службеник примил поткуп, на странката и ветил побрзо издавање на патна исправа, со тоа сторил кривично дело казниво по чл. 357 од КЗ
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во кординација со Секторот за економски криминал и корупција-Оддел за криминалистичка полиција при МВР на 17.01.2025 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ф.Р. (40) од Скопје, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 од КЗ.
Пријавениот Ф.Р., во својство на овластено лице, вработен во МВР-Отсек за странци и реадмисија при Регионален центар Север, на 16.01.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, побарал и примил поткуп во износ од 50 евра. Имено, оштетената ја изгубила патната исправа, па на 15.01.2025 се сликала за издавање на нова патна исправа по итна постапка, а на 16.01.2025 била упатена во службените простории во зградата на МРТ, каде била повикана од страна на пријавениот Ф.Р., со цел давање појаснување за изгубената патна исправа, по што и дал потврда со која се потврдува приемот на барање за издавање патна исправа и уплатница за глоба.
Откако оштетената ја извршила уплатата, повторно се вратила во службените простории кај пријавениот, кој и побарал и примил поткуп во износ од 50 евра за да може побрзо да и издаде нова патна исправа, бидејќи за постапката се чекало од 6 до 12 месеци. Со тоа Ф.Р. сторил кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 од КЗ, за јавноста известуваат од МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (18 јануари)
-
Кичево2 дена
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
-
Кичево21 час
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
-
Македонија3 часа
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
-
Македонија2 дена
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
-
Култура1 ден
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
-
Хороскоп13 часа
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Растенија кои носат среќа во 2025 година