Следете не

Македонија

РАКОМЕТ: Македонија со победа против Турција, одлична игра, одиме понатаму! (ВИДЕО+ФОТО)

Објавено пред

на

Македонската најдобра машка ракометна репрезентација успешно ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, откако вечерва пред полните трибини во салата „Боро Чурлевски” во Битола ја совлада селекцијата на Турција со 31:27 (17:13).

Во првите напади на турската селекција, но веднаш возвративме со првите одбрани Ристовски, а тоа се круниса со првите два голови од страна на пикерот Стоилов и од контра брзиот Манасков за 2:0, а гостите првиот погодок го реализираа преку Демирезен.

Следуваше мал пад во играта на нашата репрезентација, со погрешни додавања и нереализирани напади преку Стоилов и Талески, тоа противникот го казнуваше и водеше рамноправна битка во првите 10. минути од мечот, но и тој грешеше, па при 4:4 не успеа да го запре плејмејкерот Прибак кој игра за Бешикташ и во соло акција стрелаше за 5:4.

Точно во 10. минута за прв пат во листата на стрелците се запиша и капитенот К. Лазаров после асистенцијата на Георгиевски, се дојде до 6:4, а свој придонес за оваа позитива имаше и голманот Ристовски кој нанижа неколку одбрани.

Не се даваа така лесно Турците, не дозволувајќи ни да се одлепиме над 2 гола разлика, Стоилов во 16. минута дојде и до вториот погодок како пикер за 9:7 на семафорот. После една грешка во нападот на Турција, во контранапад Манасков додаде до Георгиевски кој рутински погоди, а предноста од 10:7 ја задржа Томовски со одбранет пенал.

Најголемата предност ја стекнавме после 20. минути игра кога од седмерец прецизен беше К. Лазаров за „плус четири” (12:8). Уште повеќе се зацврстија дефанзивните редови на Гонзалез, тоа делуваше кај ривалот кој почна се почесто да греши, а на истекот на 23. минута непогрешливиот Георгиевски дојде и до својот четврти гол и за највисоки пет разлика што го принудија турскиот селектор Шентурк да побара тајм-аут. Противникот успеа да намали нешто од својата негатива, па после првите 30. минути Македонија водеше со 17:13.

Се продолжи успешно и во вториот дел каде што се одржуваше разликата од 4-5 голови разлика, иако во одредени моменти имавме и повисока предност, Стоилов се погрижи за својот четврти погодок (26:21).
Прекрасна атмосфера во салата „Боро Чурлевски” како што и се најавуваше и пред самиот старт на мечот, поддршка од првата до 60. минута за нашите најдобри ракометари, дефинитивно публиката заслужи чиста „десетка”.

Имавме проблеми со реализацијата во нападите, а одбраната попушташе, додаден проблем беше и нивниот голман Ѓунај кој се разбрани. Едноставно како да застанавме, Пешевски не реализираше чист „зицер”, шутираше нвисоко над голот. Но, згрешија и Турците од преголема желба, па К. Лазаров донесе радост со одличен потег за негов осми гол (27:23).

Игравме нешто подлабока зона во одбраната, кога беше најпотребно одбрани Томовски, но се правеа несфатливи грешки во нападите, со осцилации. Ф. Лазаров асистираше до крилото на Веспрем, Манасков кој дојде и до петтиот погодок на пет минути до крајот на средбата, а крилото со нови погодоци го најавуваше првиот триумф во овој квалификациски циклус (30:25).

МАКЕДОНИЈА-ТУРЦИЈА 31:27 (17:13)
Сала „Боро Чурлевски” – Битола

Македонија: Ристовски (10 одб.), Томовски (3 одб., 1 сед.), Георгиевски 4, Кузмановски, Ф. Лазаров, К. Лазаров 8, Манасков 6, Н. Маркоски, В. Маркоски, Ојлески, Пешевски 2, Поповски, Прибак 3, Стоилов 4, Талески 4, Велковски.

Квалификации за ЕП 2020
1. коло, резултати

Исланд-Грција 35:21
Македонија-Турција 31:27

Група 3

Табела:
1. Исланд 2 бодови
2.Македонија 2
3.Турција 0
4.Грција 0

Наредно, 2. коло (двојки):
28. октомври

16:00 ч. Турција-Исланд
17:00 ч. Грција-Македонија

Второто и решавачко полувреме можете да го погледнете на нашата официјална фејсбук страница, уживајте!

Фото: Петр Стојановски
Инфо: Спортмедиа.мк

Македонија

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп17 часа

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин1 ден

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево1 ден

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили1 ден

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили1 ден

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево2 дена

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет2 дена

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

НАЈЧИТАНИ