Временска прогноза
Утре и задутре пеколни горештини, висок УВ – Избегнувајте директно исложување на сонце, пиете течности!

Македонија и понатаму останува под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса, која продира од југ, односно од северните предели на Африка.
Најтоплите денови ќе бидат утрешниот ден, како и петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во југоисточните предели, истите има услови да се искачат дури и над 40 степени, односно до околу 41, 42 степени.
Во Скопје и околината максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 39 степени.
Времето и утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок доцна попладне и навечер, особено во северните предели ќе има услови за локална нестабилност.
Локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град ќе има и во сабота, додека од недела атмосферата ќе биде постабилна, иако не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.
Во сабота максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени во однос на сабота. Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Што се однесува пак до УВ ИНДЕКСОТ, истиот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент 9.
НАПОМЕНА: Поради екстремно високите ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ, да се избегнува директно изложување на сонце и да се пијат повеќе течности.
За повеќе информации можете да го посетите новиот веб простор на Славчо Попоски – www.meteoalarm.mk
Временска прогноза
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.
Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките и планинските места, така и во делови од градовите.
На Метеоролошката карта можете да погледнете колку снег се очекува да наврне во текот на веќе споменатиот и најавен многу ладен бран од Сибир. Може да се види дека најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.
Исто така на вторава Метеоролошка карта може да се види дека од сабота па во текот на следната седмица очекуваме и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места и до, па и под -10 степени.
– Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија

До четврток во Македонија и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни).
Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Локално пак ќе се создаваат грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер (овие процеси повремено ќе бидат поинтензивни и во вид на невреме).
Во Скопскиот регион, исто така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.
– Да напоменам, дека за време на овој период, локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен), додава Попоски.
Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно високи и на повеќе места ќе бидат околу 15 степени, а тие повремено и локално ќе надминуваат 15 степени, додека во
Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, или за некој степен над 20 степени, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.
И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).
Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.
Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните локални поплавувања, но и поради елекричните празнења кои се очекуваат, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија16 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија19 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците