Скопје
Важни информации од Клиниката за радиотерапија и онкологија која функционира непречено и во услови на КОВИД-19

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на COVID-19, поради специфичноста на малигните заболувања.
Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман. Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот.
Совети за пациентите во услови на COVID-19
- Пациентите да носат маска и ракавици при влез во просториите на клиниката, а доколку немаат маска и ракавици тие ќе им бидат обезбедени од страна на клиниката.
- Доколку имаат покачена телесна температура, треска и тешкотии при дишењето да не доаѓаат на закажаната контрола, хемотерапија или зрачна терапија на клиниката, туку да се јават кај својот матичен лекар и да го известат за својата состојба.
- Пациентите додека престојуваат во чекалните треба да држат дистанца од најмалку 1,5 метар од другите пациенти кои се во чекалната.
- Пациентите и нивната придружба да не влегуваат во просториите на клиниката без да бидат повикани.
- Да го известат медицинскиот персонал кој е непосредно вклучен во давање на онколошката нега доколку имаат познат случај во нивната непосредна близина кој е позитивен на КОВИД-19.
За потсетување, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија обезбедува и психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања, за која може да се обратите на следните телефонски броеви:
• Доктор од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, во периодот од 10:00 до 12:00 часот на телефон 078/364-629
• Претседателка на комора на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска од 12:00 до 17:00 часот на телефон 070/233-453
• Психолог Александра Стефановска од 15:00 до 18:00 часот на телефон 071/218-050
• Психолог Елена Ѓорѓевска од 17:00 до 20:00 часот, на телефон 078/494-973
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
Скопје
МВР со зајакнати контроли во главниот град

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.
Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Култура2 дена
Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (20 февруари)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации
-
Култура7 часа
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Скопје2 дена
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје
-
Македонија14 часа
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево
-
Спорт2 дена
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот