Спорт
(ВИДЕО) Фудбалскиот стадион во Штип ќе добие нова реконструкција и реновирана западна трибина

За една година, Градскиот стадион во Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори.
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот, Муамед Сејдини и потпретседателот, Лазар Ракиџиев официјално со в.д. градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов го потпишаа договорот за изградба на западната трибина на Градскиот стадион и реконструкција на стадионот во Штип.
Во претходно претставениот основен проект за новата западна трибина на стадионот во Штип, а финансиран од Фудбалската федерација на Македонија преку програмата „Хет-Трик 5“ на УЕФА, предвидено е западната трибина која целосно е обврска на ФФМ да има капацитет од 2.400 места за седење, ВИП ложа, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во поттрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Во овој период плановите и намерата на Фудбалската федерација на Македонија се насочени кон подобрување на условите на стадионите во нашата држава, со цел натпреварувачката сезона 2021/2022 клубовите од МФЛ да ја дочекаат на реконструирани стадиони со што фудбалерите би добиле максимални услови за игра, а гледачите на стадионите и покрај малите екрани уживање во фудбалот. Во таа насока, ФФМ преку „Хет-Трик 5“ програмата ја финансираше и целосно ја заврши изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир, а во финална фаза е изградбата на новата трибина и на стадионот „Билијанини Извори“ во Охрид.
Преку овој проект, новиот стадион во Штип нѐ само што ќе стане вистински фудбалски дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил прилика и за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.
– За една година градскиот стадион во Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори. Секако, општина Штип ќе инвестира и во реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион каде што ќе може да настапува и нашата репрезентација. Во изминатиот период правиме големи работи за фудбалската инфраструктура во нашата држава, а еден од важните центри е Штип. Допрва следува најважниот дел, но се надевам дека се ќе се одвива според предвидената динамика и на крајот ќе бидеме горди на новиот стадион во еден од најфудбалските градови во нашата држава, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.
Спорт
Извлечени паровите за „Купот на Македонија“ во фудбал, Вардар ќе игра со Брера АП, додека ривалот Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ.

Во рамки на денешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждребпка беа одредени и истакнати полуфиналните парови за „Купот на Македонија“. Така што ждребката случајно ги спои ривалите Шкендија и Струга ТЛ, додека црвено-црните Вардар го доби тимот на Брера АП.
Првите натпревари се закажани за 9-ти април од 15:00 часот, додека реванш мечевите се закажани за 23-ти април, истакна ФФМ.
Спорт
Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија
ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза24 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Кичево1 час
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Хроника11 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште