Временска прогноза
Викенд временска прогноза: Вечер над Кичево дожд и нестабилност во форма на невреме
Денес кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во северозападните подрачја. Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Во недела условите за нестабилност ќе бидат помали.
Временска прогноза
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.
И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).
Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.
Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните локални поплавувања, но и поради елекричните празнења кои се очекуваат, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег

Самиот почеток од април во Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква ситуација, на планинските и на скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите.
Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме и во повисоките населени места во западните и во северните предели од републиката.
– На Метеоролошката карта можете да ја видите очекуваната снежна покривка во Македонија на самиот почеток на април, па така може да се види дека позначителна снежна покривка ќе се формира на планинските и Скијачките места.
Исто така, април оваа година ни носи можност и за нова појава на мразеви во утринските часови, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
п.с. За утре (петок), Алатката НОТАС предвидува понестабилна атмосфера кај нас, односно ниво два, локално и ниво 3 со поголема веројатност за нестабилност, проследена со врнежи, грмежи и засилен ветер (во вид на невреме кое може да биде проследено и со појава на град и електрични празнења).
Се очекува локално да наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен.
Временска прогноза
Врнежи од дожд, проследени со Сахарска прашина, ова се најновите метео вести

До крајот на четврток 27 март во Македонија ќе продолжи серијата на влажни воздушни бранови од југозапад, и истите се во склоп со циклонската активност која се наоѓа токму југозападно од нас. Во ваква ситуација кај нас повторно ќе имаме нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Исто така за денес се најавени пообилни врнежи на повеќе места, кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (во форма на невреме), а не се исклучува можноста во текот на поинтензивните Атмосферски процеси да има и појава на град.
И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, пообилни утре (четврток 27 март) кога во делови од котлината тие би можеле да бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).
Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат без поголеми промени во однос на оние вчера.
Уште да напоменам дека за време на овој нов влажен бран од југозапад и тоа до доцните вечерни часови кон петок (28 март) локално повторно ќе наврне поголемо количество на дожд (над 25 литри на метар квадратен дожд).
– Инаку според г-дин Владо Спиридонов, истакната е 5-дневна нумеричка симулација за транспорт на Сахарска прашина со почетни податоци од 26 март 2025 година, 00:00 UTC. Според резултатите, во утринските часови на 27 март, облакот со прашина, иако со помали концентрации, ќе ја зафати и Македонија. Оваа појава е резултат на актуелната циркулација, која овозможува значителен транспорт на прашина од Сахара кон Медитеранот и Југоисточна Европа.
Сахарската прашина содржи минерални честички како силикатни соединенија, железни оксиди, карбонати и сулфатни аеросоли, кои можат да влијаат врз квалитетот на воздухот и временските услови
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (29 март)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (28 март)
-
Магазин1 ден
„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј
-
Скопје1 ден
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег
-
Кичево1 ден
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред
-
Скопје2 дена
Утрово посебен сообраќаен режим на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, поради извлекување на претходно излетано товарно возило од патот