Автомобили
Volkswagen Golf 8 е најпродаваниот автомобил во Европа
Минатата година Volkswagen Golf повторно беше најпродаван автомобил во Европа со продадени околу 312,000 примероци. Исто така, Golf 8 беше избран за најдобар автомобил во Германија од страна на Auto Motor und Sport, Auto Bild и Auto Zeitung.
По неговото воведување на крајот на 2019 година, Volkswagen Golf 8, и покрај пандемијата на вирусот корона, го зазеде првото место во продажбата на автомобили во Европа и Германија. Во 2020 година, повеќе од 312.000 примероци беа продадени на европскиот пазар, а 134.000 во Германија.
Golf 8 е достапен во сите поголеми верзии од неговото претставување, заедно со моделите GTI, GTD и GTE. Големата побарувачка за хибридни модели исто така придонесе за овој успех. Затоа до крајот на годината, секој трет продаден голф беше хибрид.
Во Германија, новиот Golf 8 е прогласен за најдобар автомобил во компактната класа. Тој победи 16 противници на тестовите спроведени од Auto Motor und Sport, Auto Bild и Auto Zeitung.
Автомобили
Како да го продолжите животниот век на вашиот акумулатор?
Често се слушаат тврдења дека акумулаторите траат колку што е гаранцијата плус неколку месеци.
Сепак, факт е дека многу акумулатори траат уште неколку години по истекот на гаранцијата, која обично трае 36-40 месеци.
Во продолжение, ќе споделиме совети за продолжување на животниот век на вашиот акумулатор, без разлика дали станува збор за нов или веќе користен.
Поголем акумулатор – повеќе штета отколку корист
Не купувајте акумулатор со значително поголем капацитет од оној што го препорачува производителот на автомобилот. Тоа само го скратува неговиот животен век.
Ако ставите акумулатор со преголем капацитет (изразен во Ah), системот за полнење можеби нема да може доволно да го наполни, бидејќи не е дизајниран за таква големина.
Идеално, акумулаторот треба да се полни до 100%. Ако не е доволно наполнет, може да се спушти до 60%-65% од капацитетот, што предизвикува хемиски промени кои трајно го оштетуваат.
Совет: Купувајте само акумулатори што ги препорачува производителот на вашето возило.
Не заборавајте да обрнете внимание и на струјата за ладен старт, изразена во ампери (A). Поголема струја за ладен старт е пожелна, но не треба да се претерува.
Навремено проверувајте го акумулаторот
Можете да го проверите акумулаторот во специјализирани сервиси, без разлика дали гаранцијата сè уште важи или не. Овие сервиси располагаат со уреди за тестирање што можат да предупредат на потенцијални проблеми.
Доколку сакате, можете сами да измерите напон со униметар, но имајте предвид дека напонот сам по себе не е секогаш доволен показател за состојбата.
Чести причини за краток век на акумулаторот
- Проблеми со полнењето: На пример, неисправен алтернатор.
- Паразитски струи: Уреди што трошат струја додека автомобилот е исклучен.
- Ретки или кратки возења: Особено во зима, кога акумулаторот тешко се полни.
- Корозија на терминалите: Лошите контакти го зголемуваат отпорот и предизвикуваат проблеми.
Совети за правилно одржување
- Периодично полнење: Дури и кога акумулаторот изгледа во ред, препорачливо е да го надополнувате неколку пати годишно.
- Паметни полначи: Инвестирајте во квалитетен полнач, кој ќе го одржува акумулаторот оптимално наполнет.
Ако автомобилот не се вози долго време:
Извадете го минусниот терминал за да го забавите празнењето. Но, имајте предвид дека акумулаторот и понатаму ќе се празни со текот на времето.
Во зима:
Извадете го акумулаторот од автомобилот и чувајте го на умерено ладно место. Проверувајте го напонот на секои два месеца и дополнете го доколку е потребно.
Избегнувајте грешки што го оштетуваат акумулаторот:
- Не користете електрични уреди (радио, фарови) додека моторот е исклучен.
- Избегнувајте чести кратки патувања.
- Редовно проверувајте дали акумулаторот е добро прицврстен.
Што ако акумулаторот се испразни?
Наполнете го што е можно поскоро. Ако остане празен подолго време, ќе претрпи трајни оштетувања. Полна батерија издржува многу пониски температури, додека празна може да замрзне и да се оштети.
Важно: Никогаш не стартувајте автомобил со замрзнат акумулатор – прво одмрзнете го и наполнете го.
Со правилно одржување и внимание, животниот век на акумулаторот може значително да се продолжи, дури и над гаранцијата.
Извор: B92
Автомобили
Истражување: Возачите најзадоволни од овие автомобилски брендови
Автомобили
Во оваа земја е забрането да се управува автомобил во зимска јакна, причината е едноставна..
Шпанија е земја во која е нелегално да се вози автомобил облечен во јакна. Значи, ако возите со зимска јакна и капут, може да добиете казна и до 200 евра. Идејата зад ова правило е дека зимската јакна ве ограничува при возење, односно го ограничува вашето движење зад воланот. Во Шпанија истото важи и ако носите шал или ракавици.
За потсетување, тестовите на германскиот автомобилски клуб (ADAC) покажаа дека може да имате друг тип на проблем со зимската јакна. Имено, ќе го оневозможи правилното затегнување на ременот, може да се лизне преку желудникот и да ги повреди цревата, црниот дроб или слезината, пишува ХАК Ревија.
Поради полнењето на зимската јакна, има простор помеѓу ременот и телото, па ременот длабоко се сече во стомакот во моментот на несреќата. Ова може да предизвика сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и да доведе до внатрешно крварење. Поради ова, стресот на внатрешните органи е многу поголем отколку ако појасот е поблиску до телото. Затоа се препорачува пред да влезете да ја соблечете јакната или барем да ја ставите преку појас.
Децата, исто така, треба да се врзат на овој начин или, уште подобро, без дебела јакна.
Извор: n1info.rs
-
Кичево2 дена
Пополнета рубрика 2024: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (21 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (20 ноември)
-
Временска прогноза22 часа
Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување
-
Кичево1 час
Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи
-
Култура12 часа
Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Автомобили1 ден
Истражување: Возачите најзадоволни од овие автомобилски брендови
-
Автомобили1 ден
Како да го продолжите животниот век на вашиот акумулатор?