Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.
Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките и планинските места, така и во делови од градовите.
На Метеоролошката карта можете да погледнете колку снег се очекува да наврне во текот на веќе споменатиот и најавен многу ладен бран од Сибир. Може да се види дека најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.

Исто така на вторава Метеоролошка карта може да се види дека од сабота па во текот на следната седмица очекуваме и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места и до, па и под -10 степени.
– Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината, доцна вечерва информираше Славчо Попоски