До крајот на четврток 27 март во Македонија ќе продолжи серијата на влажни воздушни бранови од југозапад, и истите се во склоп со циклонската активност која се наоѓа токму југозападно од нас. Во ваква ситуација кај нас повторно ќе имаме нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Исто така за денес се најавени пообилни врнежи на повеќе места, кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (во форма на невреме), а не се исклучува можноста во текот на поинтензивните Атмосферски процеси да има и појава на град.
И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, пообилни утре (четврток 27 март) кога во делови од котлината тие би можеле да бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).
Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат без поголеми промени во однос на оние вчера.
Уште да напоменам дека за време на овој нов влажен бран од југозапад и тоа до доцните вечерни часови кон петок (28 март) локално повторно ќе наврне поголемо количество на дожд (над 25 литри на метар квадратен дожд).
– Инаку според г-дин Владо Спиридонов, истакната е 5-дневна нумеричка симулација за транспорт на Сахарска прашина со почетни податоци од 26 март 2025 година, 00:00 UTC. Според резултатите, во утринските часови на 27 март, облакот со прашина, иако со помали концентрации, ќе ја зафати и Македонија. Оваа појава е резултат на актуелната циркулација, која овозможува значителен транспорт на прашина од Сахара кон Медитеранот и Југоисточна Европа.
Сахарската прашина содржи минерални честички како силикатни соединенија, железни оксиди, карбонати и сулфатни аеросоли, кои можат да влијаат врз квалитетот на воздухот и временските услови