Следете не

Македонија

Сончево со умерена облачност и температури до 11 степени

Објавено пред

на

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

 Температурата ќе се движи од седум до 11 степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени.

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Македонија

Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,501 ден/кг.

Прочитај повеќе...

Македонија

Засилени сообраќајни контроли на МВР, вкупно 682 санкции за возачи, 68 од нив биле за возење без возачка дозвола

Објавено пред

на

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.

Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.

По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина10 часа

Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?

Кога ќе дојде пролетта и дрвјата ќе започнаат да расцутуваат, огромен број на луѓе започнуваат да развиваат симптоми на алергија...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за недела (9 март)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Здравје и убавина1 ден

Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите

На забите штетно влијаат црвеното вино, кафето, чајот и секако цигарите. За тоа сигурно дека сте свесни, но некои штетни...

Хроника1 ден

Трагична сообраќајна несреќа го потресе Охрид пладнево, загина млад мотоциклист на регионалниот пат Охрид – Св.Наум

На 08.03.2025 година околу 14 часот,  во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, кај кружната...

Здравје и убавина1 ден

Магнезиумот е доста важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем

Научниците посочуваат дека повеќето луѓе во денешно време имаат зголемен ризик од недостаток на магнезиум, како поради намалената содржина на...

Магазин2 дена

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Со најубава порака покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Денеска е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (8 март)

Овен Можете да очекувате генерално добар ден за работа. Пред вас е поволна атмосфера да решите некои работи. Опуштени сте...

Македонија2 дена

Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Спорт2 дена

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ ги претстави новите партнери – Гранд Ауто

Гранд Ауто, официјалниот застапник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија...

Магазин2 дена

Победници на MWC 2025: Кој телефон ја освои титулата најдобар на најголемиот технолошки настан?

На овогодинешниот Mobile World Congress (MWC 2025) во Барселона, беа објавени победниците на престижните Global Mobile (GLOMO) награди. Овие награди...

НАЈЧИТАНИ