Македонија
За Андреј: Податоци за донации за сите хумани луѓе од дијаспората. Да помогнеме!
Нашиот Андреј Трипуноски има потреба од финансиски средства за лекување.
Покрај вашата донација од 100 денари преку мобилната мрежа на Оне.Вип на бројот 143 481, сите заинтересирани кои сакаат да помогнат парично а живеат во странство т.е. надвор од нашата држава, тоа можат да го направат преку овие податоци:
Name/Surname: Andrej Tripunoski
Address: Ul.Proleterski Brigadi br. 30
IBAN Code: MK07210501718332351
Bank name: NLB Banka AD Skopje
Bank Address: Majka Tereza br.1
Country: MAKEDONIJA
SWIFT: TUTNMK22
Ви благодариме од срце!
Порта.МК
Македонија
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници
На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари.
Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РМ, кое немало законски наследници.
Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
ДПИ ќе спроведува засилени контроли према законите за угостителска дејност и заштита од пушење цигари
Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на Македонија, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица, се наведува во соопштението.
Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.
Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!
Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!
Државниот пазарен инспекторат заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници, истакна Директорот на ДПИ, г-дин Влатко Стојкоски.
Македонија
Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време
На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски.
По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хроника16 часа
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин2 дена
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Lifestyle2 дена
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Кичево6 часа
Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“
-
Култура1 ден
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза1 ден
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за петок (31 јануари)