Следете не

Технологија

За прв пат по 10 години, пристигнува нова Википедија

Објавено пред

на

Промените ќе се воведат постепено, во подолг период, за да им се даде на корисниците можност да испробаат нови опции

Википедија, бесплатна онлајн енциклопедија, е составен дел од интернет-културата скоро 20 години, овозможувајќи им на посетителите да читаат милиони обемни текстови полни со податоци.

Десктоп-изданието на популарната енциклопедија наскоро, за прв пат по 10 години, треба да добие нов дизајн. Причината, според Википедија, е да се прилагоди на новите корисници, пишува The Verge.

Сите предлози за нов дизајн може да се видат во објава на MediaWiki, каде што неколку GIF прикажуваат како треба да „работи“ новиот дизајн.

Додатокот што се гледа на „првата топка“ е опаѓачко мени што се отвора во горниот десен агол е за да им се олесни на корисниците да се концентрираат на статијата. Левата страна на страницата исто така доби достапно мени за промена на јазикот.

Пребарувањето претрпе и измени, со цел на корисниците полесно да се движат низ новите страници, додека логото доби малку помала димензија.

Според Фондацијата Викимедија, промените ќе бидат воведени постепено, во подолг временски период, за да им се даде на корисниците можност да ги испробаат новите опции, пред тие официјално да бидат интегрирани во финалната верзија на редизајнот.

Комплетен редизајн на целата Википедија ќе биде завршен пред крајот на 2021 година.

Магазин

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Објавено пред

на

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи

Qualcomm ги интензивира своите активности на пазарот на персонални компјутери со амбиција да стане лидер во сегментот на компјутери со вештачка интелигенција. Со воведување на новиот Snapdragon X Plus чип за лаптопи со Windows, компанијата се соочува со гиганти како Intel и AMD. Во октомври веќе беше најавен помоќен Snapdragon X Elite чип, исто така наменет за лаптопи со Windows.

Чиповите, кои Qualcomm планира да ги направи достапни во средината на 2024 година, се дизајнирани да се натпреваруваат со најновата линија Core Ultra чипови на Intel, како и со чиповите M3 на Apple.

Snapdragon X Elite располага со 12-јадрена Oryon CPU, вградена Adreno GPU и Hexagon Neural Processing Unit (NPU) на Qualcomm. Snapdragon X Plus доаѓа со 10-јадрен процесор, интегриран графички процесор и ист хексагонален NPU како и X Elite. Двата чипови поддржуваат до 64 GB меморија.

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи, овозможувајќи извонредни перформанси кога локално се извршуваат генеративни апликации за вештачка интелигенција. Локалните апликации за вештачка интелигенција овозможуваат работа без интернет конекција, зачувувајќи ги податоците директно на уредот.

Досега немаше многу атрактивни локални апликации за вештачка интелигенција за да ги мотивираат потрошувачите да купуваат компјутери со вештачка интелигенција, но се очекува интересот да расте во текот на 2024 година. Компаниите како Intel, AMD и Nvidia веќе ги позиционираат своите модели на лаптоп од високата класа како компјутери со вештачка интелигенција.

Покрај способностите за вештачка интелигенција, Qualcomm тврди дека нивните чипови базирани на Arm, X Elite и X Plus, обезбедуваат подобри перформанси во однос на потрошувачката на енергија од чиповите Core Ultra 7 155H на Intel и AMD Ryzen 9 7940HS. X Elite и X Plus исто така трошат помалку енергија во споредба со конкурентните чипови од Intel и AMD, според тврдењата на Qualcomm.

Qualcomm ги позиционира X Elite и X Plus како директна конкуренција на чиповите M3 на Apple базирани на Arm, велејќи дека нивните процесори се 28% и 10% побрзи од уредите на производителот на iPhone.

/Telegraf

Прочитај повеќе...

Магазин

Meta се затвора во Турција

Објавено пред

на

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција.

Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29 април како одговор на привремената забрана наметната минатиот месец од турската управа за конкуренција поради начинот на кој Meta ги споделува податоците меѓу Threads и Instagram.

Турското тело за заштита на конкуренцијата рече дека истрагата покажала дека Meta ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот со комбинирање на податоците на корисниците кои создаваат профили на Threads со податоците на сметката на Instagram, без да им дава избор на корисниците.

Турција го казни Meta со 18,6 милиони долари во 2022 година за комбинирање на податоци од Facebook, Instagram и WhatsApp. Во јануари оваа година, регулаторното тело посочи дека ќе ја казни Meta со дополнителни 160.000 долари секој ден за непочитување на претходната наредба.

Meta лансираше Threads минатото лето како замена за Twitter. Оттогаш, оваа мрежа собра 130 милиони корисници. Meta повторно ја искористи оваа предност. Отпрвин, корисниците не можеа да ја избришат својата сметка на Threads освен ако не ја избришат и нивната сметка на Instagram. Иако се среди по неколку месеци.

Турското регулаторно тело јасно укажа на неправилностите во работата на Meta. Се очекува и судски процес. А одговорот на Meta во овој случај е повлекување како форма на закана, што досега добро помина во другите земји.

Извор: techcrunch.com

Прочитај повеќе...

Магазин

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Објавено пред

на

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе до големо зголемување на бројот на претплатници.

Една од компаниите што профитираше за време на пандемијата беше Netflix. Луѓето беа принудени да ги поминуваат деновите во нивните четири ѕида, па многумина го поминаа тоа време со Netflix и други видео сервиси. Расте бројот на корисници, како и времето што корисниците го поминуваа гледајќи документарни филмови, серии и филмови.

Кога ситуацијата со пандемијата почна да се смирува, интересот за ТВ содржините падна, а со тоа и растот на бројот на претплатници на Netflix. Лидерите на компанијата мораа да изнајдат нови начини како да го поттикнат растот на бројот на претплатници, а со тоа и приходот, односно профитот. Како што често се случува, тие се одлучија за непопуларната опција, а тоа е – забраната за споделување лозинки, што налути многумина. Познато е дека оваа компанија со години замижува пред споделувањето лозинки и им овозможува на корисниците да ја споделат својата лозинка со пријателите и семејството и повеќе домаќинства да уживаат во Netflix за иста цена.

Покрај тоа, Netflix направи уште еден потег за да привлече повеќе претплатници, за што претходно не сакаа да одлучуваат. Станува збор за воведување на уште поевтин претплатен пакет, но во чии рамки ќе се прикажуваат реклами. Иако сите со години се навикнати да уживаат во Netflix без реклами, некои корисници на крајот се согласија на компромис, па гледаат реклами заедно со филмови и серии, но поради тоа плаќаат помала претплата.

Сите овие промени имаа ефект глобалниот број на претплатници да се зголеми за дури 9,33 милиони корисници во првиот квартал од оваа година. За тоа за каков голем пораст се работи најдобро говори податокот дека станува збор за двојно зголемување во однос на очекувањата на пазарните аналитичари за првите три месеци од годинава.

Ова е сигнал дека споделувањето лозинка е почеста отколку што се мислеше, и дека Netflix сега ги претвора таквите корисници кои споделуваа лозинки во претплатници, објасни аналитичарот на Emarketer Рос Бенес за Business Insider. Со оглед на тоа што се предвидуваше дека околу 100 милиони луѓе користеле туѓи лозинки, а бројот на нови корисници во фискалната 2023 година е зголемен за речиси 30 милиони, се уште има многу простор за раст на бројот на претплатници на оваа видео услуга.

/Zimo

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин21 час

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево24 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили1 ден

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили1 ден

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево2 дена

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет2 дена

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

НАЈЧИТАНИ