Следете не

Македонија

Забрана за камиони на Стража

Објавено пред

на

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите.

Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – граничен премин Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот. На планинскиот премин Стража има забрана за движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Македонија

(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.

„Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.

Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата“, потенцираше министерот Тошковски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово

Објавено пред

на

АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:

  • Дебар – Маврово
  • Охрид – Кичево (Пресека)
  • Кичево – Гостивар (Стража)
  • Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).

Прочитај повеќе...

Македонија

ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Сите патни правци во државата се проодни.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива  механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, истакнаа од ЈП Македонија Пат.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за четврток (26 декември)

ОВЕН Размислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со соработниците за да ја подобрите вашата деловна позиција....

Мобилни уреди8 часа

iPhone 18 Pro би требало да добие камера со променлива решетка, а неговата промоција се очекува кон септември 2026 година?

Според извештаите, iPhone 18 Pro ќе биде првиот модел кој би требало да добие камера со променлива решетка. Apple iPhone...

Временска прогноза15 часа

Најава за нова снежна покривка, до денес во Маврово имаме најмногу снег

Денешниот ден (среда) донесе снег во повеќето градови низ Македонија, а на Скијачките центри снежната покривка е до околу, па...

Магазин18 часа

YouTube воведува мерки против „clickbait“: Што значат новите правила за креаторите?

YouTube одлучи сериозно да го адресира прашањето за „clickbait“, најавувајќи отстранување на содржини со наслови и слики кои ветуваат нешто...

Магазин18 часа

Вештачката интелигенција ќе преземе 15% од деловните одлуки до 2028 година

Според извештајот на аналитичката компанија Гартнер, до 2028 година, вештачката интелигенција (ВИ) значително ќе го промени начинот на кој се...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (25 декември)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Кичево1 ден

Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража

Од пред 15 минути град Кичево, превој Стража, како и кичевските села Подвис и Лавчани останаа без електрична енергија, а...

Спорт1 ден

„Да се потпреме на сите расположливи сили за македонската репрезентација“, новото раководство на ФФМ оствари работен состанок со Благоја Милевски

Новоизбраниот претседател на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во придружба со еден од најдобрите наши фудбалски арбитри, спортскиот директор на Националните...

Македонија2 дена

(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила...

Кичево2 дена

„IQ-UP“ Кичево и нивните дечиња во петок организираат хуманитарна новогодишна работилница, сите заедно да допринесеме и да помогнеме каде е најпотребно!

🎄✨ Драги пријатели, со големо задоволство ви најавуваме новогодишна хуманитарна работилница која ќе се одржи на 27.12.2024г (петок) од 18:00...

НАЈЧИТАНИ