Lifestyle
Денес преполн со туристи Ски центарот „Заре Лазаревски“ – Маврово (ФОТО)
Денес Недела 03.02 идеални услови за скијање и топол чај во еден од објектите во близина на ски центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово.
Нашиот тим исто така го искористи сонцето и го посети ова атрактивно место.
Нешто повеќе за ова катче кое нема да ве остави рамнодушни при вашата посета
Маврово е познато по еден од нај убавите ски центри во Македонија ски центарот “Заре Лазаревски„ кој е сместен на падините на планината Бистра. Прекрасното Мавровоско езеро опколено со високи и убави планини нуди одлични можности за туристите кои ќе одлучат зимскиот одмор да го поминат тука. Она со што располага ски центарот како и услугите кои ќе ги добиете тука се следниве:
-Единаесет ски-лифтови и три жичари со вкупна должина од 5.700 м. и капацитет од 11.100 патници на час.
-Можност за скијање на висина од 1.255 до 1860 метри надморска височина
-Професионална подготовка на патеките со помош на 6 ратраци
-Должина на скијачките патеки под жичарниците 5.000 м. и должина на ски ливтовите од 10.000 м.
-Осветлени и озвучени патеки – ноќно скијање од 19 ч. до 24 ч.
-Кафе барови ( бачила) долж ски патеките на планината Бистра
-Ски патрола, амбулантна моторна санка и други моторни санки, машина за правење вештачки снег
-Просечна снежна покривка – 70 см.
-Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април
-Ски школа во која работат врвни ски инструктори
Алпско скијање:
-Скијачки рути за алпско скијање
-Патеки за почетници
-Патеки за напредни скијачи
-Патеки за натпреварувачи во алпско скијање
Други видови на скијање:
Ски центарот нуди одлични услови за љубителите на сноубордингот и многу услови за скијање на различен начин како крос- кантри патеката “Мирна долина„ долга 7.5 км или користење на 30км долгата патека на која се одржува мавровскиот комеморативен турнир (слободен стил). Ски центарот организира и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом, сноубординг и др.
Турно скијање- Free ride skiing
На територијата на паркот посебно на планините Бистра, Кораб и Крчин постојат идеални услови за турно и фри-рајд скијање кое што е хит во светот. Националниот парк “Маврово„ работи на обезбедување на идеални услови за туристите кои ќе ги користат овие патеки во иднина а воедно истите ги промовира на повеќе значајни саеми ( на почетокот на 2011г. беа посетени меѓународните саеми за туризам во Берлин, Истамбул и Тел Авив). Моментално во соработка со Македонската асоцијацијата на професионални водачи во планина се подготвува екипа од 10 локални професионални водaчи кои ќе ги услужуваат туристите кои ќе бараат вакви услуги.
RENT-A-SKI
Изнајмување на ски опрема се врши на самиот паркинг во близина на ски центарот како и во самиот ски центар.
Цена за скии (или даска), везови и штеки – САМО 200 ден. на ден
Ски сезони:
Старт на сезона- 15 ноември
Шпиц на сезона од 25 декември до 31 јануари
Сезона 01 фебруар до 01 април во зависност од снежната покривка
➡️ Ексклузивни фотографии од денешниот ден, преку нашиот објектив
Lifestyle
Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите
Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може да обезбедат подобро здравје на срцето.
Кардиологот Ли Џоу за „Парад“ вели дека сака да го започне денот со појадок кој вклучува овошје и јаткасти плодови, две намирници кои се добри за здравјето на срцето. После тоа, тој прави нешто што многу луѓе често го занемаруваат: пие чаша вода.
Пиењето вода наутро е од суштинско значење за здравјето на срцето. Се препорачуваат осум чаши дневно бидејќи редовната хидратација го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања и поддржува регулација на крвниот притисок.
Додадете кратка прошетка после појадокот
Откако ќе испиете една чаша вода, можете да додадете уште една навика која е здрава за срцето – кратка прошетка. Кардиологот Даниел Херман препорачува секојдневно вежбање веднаш по појадокот.
„Навиката за здраво срце може да биде едноставна како брзо одење од 20 минути“. Тоа е мала инвестиција во здравјето на срцето која дава големи резултати на долг рок“, истакнува тој.
Д-р Херман објаснува дека кратката прошетка после појадокот веднаш го подобрува варењето, го регулира шеќерот во крвта и го намалува стресот, додека долгорочно го зајакнува срцето, ја контролира тежината и мускулниот тонус. Ако работите од дома, Херман советува свесно да планирате утрински прошетки за да ја зголемите вашата дневна активност.
Утринските навики кои треба да ги избегнувате
Многу луѓе имаат навика да го прескокнуваат појадокот, или поради зафатеност или поради воспоставени навики, но тоа може да има негативно влијание врз здравјето.
Д-р Дипак Талеја истакнува дека не треба да го прескокнувате појадокот, бидејќи тој е клучен за здравјето на срцето.
„Здравиот појадок, богат со влакна, витамини и цели зрна, го намалува холестеролот, воспалението и ризикот од срцев удар“, вели тој. Истражувањата покажаа дека прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за 27 проценти. Тоа е исто така поврзано со зголемен крвен притисок, дебелина и дијабетес.
Извор: N1Info
Lifestyle
Водич за правилно миење на забите: Што треба да избегнувате
Миењето на забите е клучно за одржување на добра орална хигиена, но многумина прават грешки кои може негативно да влијаат на здравјето на забите и непцата. Др. Сахил Пател, козметички стоматолог и основач на клиниката Marylebone Smile, споделува совети за правилно четкање и одржување на здрави заби.
Најчестите грешки и како да ги избегнете
- Прескокнување на четкањето навечер
Доколку пропуштите четкање, направете го тоа наутро, а не навечер. За време на спиењето, производството на плунка се намалува, што овозможува остатоците од храна да предизвикаат штета побрзо. - Брзо и површно четкање
Подобро е да ги измиете забите темелно еднаш на ден отколку два пати набрзина. Неквалитетното четкање остава области непочистени, што води до проблеми со забите и непцата. - Влажнење на четката пред пастата за заби
Влажната четка го разредува дејството на пастата, предизвикувајќи побрзо создавање на пена, а со тоа и побрзо, но неефикасно чистење. - Започнување од предниот дел на устата
Започнете од задниот дел на устата, кој најчесто се занемарува. Ова осигурува дека и тешко достапните места ќе бидат темелно исчистени. - Прекумерна сила при четкање
Четката треба да се држи со доволно сила за нежно да се лизга по забите. Ако влакната се раширени, четката не е ефикасна. - Погрешен избор на алатки
Интерденталните четки се подобри од забниот конец за чистење помеѓу забите, бидејќи достигнуваат до агли и места недостапни за обичните четки.
Зошто е важно професионално чистење?
И покрај темелното четкање дома, не може да се постигне истото ниво на чистота како кај стоматологот. Стоматолозите користат специјализирани алатки и ултразвучни технологии за да ја отстранат тврдоглавата забна плоча.
„Четкањето заби е важно, но покрива само 90% од површината на забите. Останатите 10% можат да ги исчистат само стоматолог или дентален хигиеничар,“ објаснува др. Пател.
Со правилна техника, користење соодветни алатки и редовни посети на стоматолог, можете значително да го подобрите здравјето на вашите заби и непца.
Извор: Vecernji
Lifestyle
Најдобра храна за природна детоксикација на телото
Детоксикацијата, особено популарна по празниците, често се смета за начин да се ослободи телото од токсините, да се подобри здравјето и да се промовира губење на тежината. Иако нашето тело е природно опремено за детоксикација, одредени животни навики и храна можат дополнително да го поддржат овој процес.
Како да го подобрите природниот систем за детоксикација:
- Намалете го внесот на алкохол – Прекумерното консумирање алкохол го оптоварува црниот дроб, главниот орган за детоксикација.
- Обезбедете квалитетен сон – Доволниот сон му овозможува на мозокот да се ослободи од токсините акумулирани во текот на денот.
- Пијте доволно вода – Водата помага во елиминацијата на отпадните материи од крвта.
- Намалете го внесот на шеќер и преработена храна – Ова ги заштитува органите како црниот дроб и бубрезите.
- Намалете го внесот на сол – Прекумерната сол предизвикува задржување на водата во телото.
- Бидете физички активни – Редовната активност го намалува воспалението и го поддржува телото во процесот на детоксикација.
Најдобра храна за детоксикација
Одредени намирници може значително да го поддржат природниот процес на прочистување на телото. Еве ги топ 10-те храни за детоксикација:
- Ѓумбир
Го подобрува варењето, ја намалува надуеноста и ги зајакнува имуниот систем. Консумирајте го во чај или додадете го свеж во сокови. - Лук
Содржи алицин, кој стимулира производство на бели крвни зрнца и помага во елиминацијата на токсините. Најдобро е да се јаде сиров. - Артишок
Богат со антиоксиданси и влакна, помага во варењето на мрсната храна и го подобрува здравјето на црниот дроб. - Цвекло
Суперхрана со магнезиум, железо и витамин Ц, која го прочистува црниот дроб и го подобрува здравјето на кожата и косата. - Зелка
Содржи антиоксиданти и помага во разградувањето на токсините во црниот дроб и дигестивниот тракт. - Свежо овошје
Богато со витамини, минерали и влакна, свежото овошје лесно се вклучува во секојдневната исхрана. - Целер
Прочистувач на крвта, го поддржува варењето и помага во решавање на проблеми со кожата. - Крес
Содржи витамини и природни диуретички својства кои помагаат во елиминација на токсините. - Зелен лиснат зеленчук
Кељ, спанаќ и блитва се богати со влакна и хлорофил, што помага во отстранување на токсините од околината. - Зелен чај
Исклучително богат со антиоксиданси, зелениот чај го поддржува здравјето на црниот дроб и го забрзува процесот на детоксикација.
Со додавање на овие храни во вашата исхрана и прифаќање здрави навики, ќе му помогнете на вашето тело природно да се ослободи од штетните токсини.
Извор: N1Info
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза22 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Автомобили5 часа
Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена
-
Скопје6 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото