Скопје
(ФОТО) Се фрлила во Вардар, е спасил татко и, па ја нашлакал

М.А., жена на 27 години денеска во близина на Камени Мост во Скопје се фрлила во реката Вардар, но набрзо потоа била спасена од нејзиниот татко и негови пријатели. Тој веднаш откако ја спасил почнал да ѝ вика и ѝ удирал шлаканици.
Откако дошла полицијата, жената била пренесена во Градската болница „8 Септември“ каде што било утврдено дека имала само лесна хипотермија од студената вода.
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
Скопје
МВР со зајакнати контроли во главниот град

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.
Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за среда (5 март)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин2 дена
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура1 ден
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Lifestyle8 часа
Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!