Македонија
„Женската популација како ранлива група“ проект на студентки при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство „ФИНКИ“

Група на студентки од „ФИНКИ“ направија проект на тема „Женската популација како ранлива група“.
Во современите демократии жената со сите свои биолошки карактеристики, соисториската должност и одговорност уште од времето на Клара Цеткин и Роза Луксембург, храбро го носи товарот на сопствената индивидуа, семејството и општеството во целост.
За жал, злоупотребата на моќта, нееднаквоста меѓу половите и обидите да се воспостави контрола врз другите, не ретко доведуваат до нејзина дискриминација и ја ставаат неа-жената во група на ранливи категории: жртви на семејно насилство, професионално малтретирани жртви, жртви на економска нееднаквост и други.
Факторите кои ја отежнуваат а понекогаш и оневозможуваат нејзината реализација се бројни и сите заедно преставуваат кршење на фундаменталните човекови права.
Често жената е излложена на континуирана примена на сила манифестирана низ разни форми: психичко, физичко, сексуално или економско насилство.
Некои од овие форми се фаворизирани од современиот начин на живот, други (семејно насилство) не се нова појава, влечат корења од минатото.
Загрижувачки се последиците кои битно го менуваат квалитетот на животот на жената-жртва и нејзиното ментално здравје – ниското самопочитување, напнатоста, депресивноста или агресивноста, зависноста, намалената работоспособност и нестабилноста во партнерските релации.
Постоењето на разни психолошки советувалишта, SOS телефони и центри за правна помош се начини на обезбедување на еднаков пристап до правата на сите ранливи категории на жени.
Сепак, жената како индивидуа е најмоќната алатка – нејзин е изборот. Едукацијата, професионалната ориентација, партнерот, семејството – сето тоа е нејзин личен избор.
Нејзин е изборот да се почитува себеси – само таква може да биде почитувана и од другите.
Хипотеза I: Жената е столб на семејството и пошироко.
Функционалните семејства во голема мера ја должат заслугата за тоа на жената сопруга, мајка. Современата жена е модератор на дневната рутина на семејството, вешто бирајќи начини за среќни решенија. Знаејќи ја улогата на едно семејство и неговите членови во општеството, како и личната партиципираност на жената во тоа општество, заклучокот сам се наметнува.
Хипотеза II: Жената и ривалството во професионални води.
Се повеќе жени го освојуваат “машкиот” свет – бизнис, наука, политика. Современата жена се наметнува со сцојата супериорност, создавајќи си сериозно политички, научни или бизнис опоненти.
Хипотеза III: Често жената е жртва на насилство.
Современата жена-едуцирана, професионална, компетентна, семејно реализирана, сепак е жртва на примитивни инстикти. Честопати малтретирана, омаловажувана и обесправена останува цврст бастион во битката за сопствената афирмација.
Во прилог ТУКА online анкета каде контролните прашања се означени со „*“ и се оние прашања кои се неизбежни во оваа анкета со цел да се постигне успех на истатa.
Ликертова скала
План на активности
-Истражување во врска со темата на различни форуми. Корисно за собирање на потребни информации добредојдени при изработка на проектот.
-Изработка на анкета. Значително потребна за црпење на информации од маса луѓе околу тоа што тие мислат на дадената тема, колкава е свеста и каква е поставеноста.
-Креирање на Инстаграм страна која ги запознава луѓето со нашиот проект.
Горенаведените активности беа и повеќе од потребни при постигнување на нашата цел. Креирање на проект кој надежно ќе запознае голема група на луѓе со жените како ранлива група.
⦁ Која е приказната позади тие активности? Каква е нивната врска со резултатите од анкетата?
⦁ Како ќе ја пренесеш информацијата за проектот до заедницата искористувајќи го твоето знаење за дигитален маркетинг?
-Дигиталниот маркетинг нуди широка перспектива за цел пренесување дадена информација. Користењето на дадени дигитални канали го олеснува ширењето на истата. Социјалните мрежи нудат беспрекорна комуникација на големи групи луѓе, искористувајќи го тоа, нашата информација за проектот ќе биде пуштена во водите на заедницата.
⦁ Како активностите ќе ги поттикнат членовите на заедницата на активност?
-Добрата презентација на проектот е значителна за заинтересираноста на луѓето околу неа. Членовите на нашата група се залагаат за поттикнување на свеста на поединците од заедницата при изработка на интерактивни активности. Се надеваме дека нашата посветеност околу проектот ќе стави прст на лицето на народот и ќе го замисли како треба да ги третира жените.
⦁ Како ќе се измери влијанието на проектот?
-Сепак крајната цел на проектот е импакт факторот врз заедницата да биде што посилен. По извршување на предходноизбраните методи за црпење информации, треба да се евалуираат ресурсите и споредат резулатите со предходнопоставените очекувања.
Доказ за изведени активности (слики, видеа, линкови)
-Инстаграм профил: WomenAndG1rls
Заклучок:
Како и секој почеток на нешто, така и овој беше навидум тежок. Прибирањето информации, изработката на анкета, инстаграм страната, потврдија дека мноштвото луѓе кои на било каков начин беа вклучени во проектот, го делат нашето мислење.
Наше е да се надеваме дека тие другите ќе почнат свесно да гледаат на тоа како се третираат жените и што треба да превземат во врска со тоа. Поединците од нашата група го делат личното искуство. Сите сме задоволни од тоа како се одвиваа работите, научивме многу, ја разбудивме нашата свест и најбитно од се, пробавме да направиме промена и да ја разбудиме свеста во човештвото. Бидејќи, нели, „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“.
Изработиле:
Ана Воденичаровска, 181002
Емилија Белевска, 181015
Наталија Костадиноска, 181049
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди10 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети