Кичево
11-ти септември, 77 години слободно Кичево, тука се роди слободна Македонија!

На денешен ден, 11 септември 1943, по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.
Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.
За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.
Кичево
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал во Кочани, каде загинаа најмалку 59 лица, а речиси над 160 се на лекување. Македонија и регионот не памети поголема катастрофа во поновата историја.
Денес во сите градови ширум државата во знак на почит према прерано згаснатите животи се организираат мирни маршеви и собири, во Кичево во организација на група ученици од кичевската гимназија истиот се реализираше во 12:00 часот.
– Маршот беше со збирно место од пред ОСУ „Мирко Милески“, така што поворката се движеше преку булевар „Ослободување“ за на крај да заврши на градскиот плоштад, каде присутните со едно минутно молчење, положија свежо цвеќе и запалија свеќи со молитви за мир на душите од починатите.
– Нашиот медиум уште еднаш ја користи оваа прилика да изрази најдлабоко сочувство до најблиските засегнати во оваа катастрофа, на повредените посакуваме што побрзо закрепнување и враќање во домовите со нивните најблиски.
Во прилог тажна галерија од денешниот настан, која просиме од Бога да биде последна!
Кичево
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но и останатите, во знак на почит за прерано починатите лица во страшната несреќа во Кочани, утре 18-ти март (вторник) со почеток од 12:00ч со збирно место во кругот на гимназијата ќе реализираат мирен собир.
Како што дојдовме до дополнителна информација, станува збор за мирен собир, односно марш, крајна цел ќе биде градскиот плоштад, каде ќе се полага свежо цвеќе и палење свеќи. За таа цел, настанот бил најавен во релевантните локални органи и институции.
Кичево
НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево поради трагедијата во Кочани го откажува „stand up“ шоуто со Тино & Aтанас, купените билети ќе бидат рефундирани

НУЦК „Кочо Рацин“ во интегрално соопштение преку социјалните мрежи и нашиот медиум ги информира сите кои купиле карти за „stand up“ шоуто закажано за вечерва со комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски се откажува поради огромната трагедија во Кочани која ја потресе целата држава.
Купените билети ќе бидат рефундирани на купувачите, во догледно време шоуто ќе биде повторно закажано.
Сочувство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените од страшната трагедија во кочанската дискотека – упатува управата и вработените од НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.
-
Кичево12 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија3 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија10 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза20 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме
-
Македонија2 дена
Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“