Случувања
Facebook денес слави 15 години од своето постоење, среќен да е!

На денешен ден, 4 февруари, 2004 година, во студентската соба од студентскиот кампус на Харвард, Марк Закерберг ја создаде социјалната платформа „Фејсбук“, која од обична вмрежена поврзаност на студентите од Харвард прерасна во глобален медиумски гигант со импресивно влијание од тривијални, преку културни, па до политички сфери и со која засекогаш се промени начинот на интернет комуникацијата, „онлајн“ маркетингот и глобалната поврзаност.
Денес, 15 години подоцна, оваа социјална мрежа со сите нејзини можности и капацитети, од најразлични побуди и причини, ја користат над 2,3 милијарди корисници.
Минатата година „Фејсбук“ беше вплеткан во низа скандали во врска со заштитата на податоци и нарушувањето на приватноста на корисниците, со што се потенцираше дека од овој медиумско-технолошки гигант повеќе не се фокусирани на заштита на приватноста на корисниците, туку на растот и ширењето по секоја цена.
Само дигиталниот гигант „Гугл“ има повеќе приходи од „Фејсбук“ од рекламирање на интернет. „Фејсбук“ е сопственик и на апликациите „Инстаграм“, „Месинџер“ и „ВатсАп“ и сите тие имаат по повеќе од милијарда корисници. Закерберг и понатаму го брани својот деловен модел и тврди дека „Фејсбук“ не продавал податоци за своите корисници и дека може да му се верува.
Ланската заработка на Фејсбук достигна рекордна сума од 22 милијарди долари.
Еве како пред 15 години, лично Марк Закерберг, на тогашна негова 19-годишна возраст, на CNBS го објаснуваше концептот за новата платформа и идеја тогаш наречена „The Facebook“. Тоа „the“ беше исфрлено веќе во 2005 година.
Временска прогноза
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.
Свет
(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба.
– „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова.
Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше кога возач на Honda Civic за влакно избегна катастрофа.
„Мило ми е што се испадна најдобро што е можно. „Тој автомобил можеше да слета на секого, додаде Јунг. Двајцата возачи од мојата лева страна беа многу поблиску до него. Тие треба да се чувствуваат како да добиле на лотарија“, рече тој.
Извор: vesti-online.com
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија12 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди10 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети